Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски ја елиминира Ристовска – Се е исто како во времето на Груевски

    СДСМ: Мицкоски ја елиминира Ристовска – Се е исто како во времето на Груевски

    20.02.2026 во 10:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Промената на јавниот обвинител беше политичка цел на Мицкоски за воспоставување целосна контрола врз судството и Обвинителството. Сега гo гледаме сценариото за изборот на нов јавен обвинител по мерка на Мицкоски. Тој одлучува кој ќе биде назначен. Мицкоски ја елиминирашЛенче Ристовска, независната кандидатка за државен јавен обвинител, се посочува во соопштението од СДСМ.

    -Иако Ристовска доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавните обвинители и позитивна оценка за својата професионалност и стручност. Мицкоски сам одлучува дека таа „не е во игра“, во живо, на телевизија. Независен јавен обвинител не му одговара на Мицкоски затоа што не може да го контролира. Професионалец со интегритет не му се вклопува во концептот. Медиумскиот октопод на Орбан во Македонија и неговите 40 % медиуми што ги контролира веќе ја слават елиминацијата на Ристовска. Не се крие ништо. Кому веќе не му е јасно?, велат од СДСМ.

    -Ставаат обвинител под нивна контрола, сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за членка на Судскиот совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд. Владата ги знае судските одлуки за процесите што сè уште не се завршени, а Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат. Следува целосно погребување на правдата и правната држава. Исто како во времето на Никола Груевски, додаваат од опозицијата.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.