Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода четворица, од кои двајца за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија, а едно лице затоа што управувало нерегистрирано возило без дозвола.
По еден возач во Кичево и Свети Николе управувале возило без воачка дозвола, едно лице во Скопје управувало нерегистрирано возило без возачка дозвола, а еден возач во Македонски Брод управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.
- Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
- Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
- Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
- Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
- Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
- Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
- Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
- Утре локални врнежи и услови за невреме

