Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата потврди дека Мицкоски управува со судовите

    (ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата потврди дека Мицкоски управува со судовите

    19.02.2026 во 12:433 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска сакаме да отвориме една многу битна тема. Вчера се случи нешто што досега не е видено во Македонија, тоа е да претставник на владата и тоа портпарол со скандалозно признание фактички потврди она што СДСМ цело време го кажува тоа дека судската власт во нашата држава е директно под контрола на извршната власт, изјави на денешната прес-конференција Андреј Жерновски од СДСМ.

    Вчера имавме доказ пред граѓаните јавно на една дебата на реновирана телевизиска куќа дека Мицковски го контролира судството.

    Портпаролката на владата има податоци за мојот процес против МНР, процес којшто сеуште не е завршен. Она имаше податоци за тоа каква е пресудата. Значи јас пресудата не ја дознав од адвокатите, не ја дознав од судот, туку ја дознав од владата на нашата држава којашто ги има податоците не само за предметот, туку каков е и текот на самиот процес.

    Ова се зборовите. „Само немојте како изгубената жалба против претседателката Силјановска“, односно „моите информации„, ја цитирам портпаролката, “говорат декави е изгубена жалбата“.

    Тоа значи дека владата на Мицковски има информации од судот за самиот процес. Ова всушност значи дека процесиците во судството, особено против владата, против органите, против министерствата, пресудите се донесени пред да биде воопшто разен самиот предмет. Ова е еден голем скандал ќе потенцирам.

    И ние нема да застанеме тука, ќе го отвараме до крај, затоа што очекуваме понатамошна истрага за тоа кој судија или кој од владата ги има овие информации. Даваме нон-стоп примери за тоа што се случува со судството.

    Ова вчера беше само една потврда за тоа што СДСМ го зборува цело време, но да повториме. Го сменија јавниот обвинител под притисок. Сопруга на градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ е назначен за член на Судскиот совет. А вчера и завчера имавме можност да видиме дека и советникот на премиерот Мицкоски за правни работи станува сега и член на Уставниот суд.

    Треба ли уште докази за тоа што СДСМ го тврди цело време? Се разбира, Мицковски од собраниската служба им кажува што да прават, како да прават и на крај какви да бидат пресудите.

    Зошто служи сето ова? Зошто ја држиме денешната прес-конференција? За да укажеме дека овака се заплашуваат граѓаните, се заплашува опозицијата постојано и тоа со обвинителство, со тужби, со пресуди.

    Тоа за нас од опозицијата е секојдневие, а сега стана секојдневие и за оние што ги претставуваат синдикатите. Дозволете на крајот да ви кажам дека од името на СДСМ дека ова е модел кој со нас ни е многу добро познат. Ова е модел за заплашување и пресметка со опозицијата, но сега и пресметка со граѓаните.

    Не е само опозицијата во прашање. Безбедносни служби се користат и за следење на неистомисленици. Тоа ние од СДСМ најдобро го знаат.

    Пак ќе кажам сега го знаат и они од синдикатот. Служби за безбедност, обвинителство, судство. медиуми. Звучи познато, се разбира тоа се методите на секое владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Исто како во времето на оној на којшто морам да му го споменам името и на којшто режим повторно почна да не потсетуваат овие денови. Тоа е режимот на Груевски, потенцираше Жерновски.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.