Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски: Инвестиции и зголемување на извозните потенцијали со Словачка

    19.02.2026 во 10:02

    Трагедија во Њујорк: Експлозија во црква испрати пастор и четворица пожарникари во болница

    19.02.2026 во 10:00

    АХВ апелира: Микрочипирањето на кучињата е законска обврска

    19.02.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Муцунски: Инвестиции и зголемување на извозните потенцијали со Словачка
    • Трагедија во Њујорк: Експлозија во црква испрати пастор и четворица пожарникари во болница
    • АХВ апелира: Микрочипирањето на кучињата е законска обврска
    • Трамп: Црнците ме сакаат, освоив повеќе гласови од нив споредено со кој било републиканец
    • Силен земјотрес ја погоди Грција
    • Николоски: Воведовме 23 нови линии – Очекувам годинава да надминеме над 4 милиони
    • Ѓорѓиевски: Се работи и навечер, за наше Скопје – Машините не запираат
    • Сонце ама “со заби” – Македонија утрово мрзне
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата ќе “ве удри по џеб” – Спремете 45 евра ако ве фатат без ова во возилото

    Полицијата ќе “ве удри по џеб” – Спремете 45 евра ако ве фатат без ова во возилото

    19.02.2026 во 08:27
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18), и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.70/19, 98/19, 302/20, 122/21, 33/24, 208/24 и 193/25), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

    Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

    За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:

    • зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;
    • пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
      За моторни возила со погон на четири тркала (4×4):
    • зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;
    • пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.
      За моторни возила кои надминува 3.500 кг:
    • зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.
    • пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;
    • автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.
      Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
      Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.
      Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

    Обврската за носење зимска опрема е уште на сила, а казната е 45 евра.

    Популарно

    Полицијата ќе “ве удри по џеб” – Спремете 45 евра ако ве фатат без ова во возилото

    19.02.2026 во 08:27

    Итно го пренеле на скопските Клиники – Тешко повреден работник

    19.02.2026 во 08:16

    Дожд, снег, невреме – УХМР најави каков четврток не очекува

    19.02.2026 во 07:55

    ФОТО: Ќе ја паметиме по „Во светот на бајките“ – Комеморација за македонската актерка Ленче Делова

    19.02.2026 во 08:01

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.