Close Menu
Press24
    Најново

    Митева до Жерновски: Со владиниот авион нема ниту една злоупотреба

    18.02.2026 во 20:29

    Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДС

    18.02.2026 во 20:16

    Лавров: САД треба да преговараат со Куба, а не да наметнуваат поморска блокада

    18.02.2026 во 19:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Митева до Жерновски: Со владиниот авион нема ниту една злоупотреба
    • Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДС
    • Лавров: САД треба да преговараат со Куба, а не да наметнуваат поморска блокада
    • Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР
    • Николоски: Започнуваме постапка за изградба на автопат и од Фариш до Прилеп и нова обиколница околу градот
    • Сашо Клековски на средба со синдикатите за зголемување на платите во јавното здравство
    • Петти ден протести во Сараево: Северина ја поддржа младината по трагичната несреќа
    • Се засилува воената соработка: Русија и Иран испратија моќна порака до Вашингтон преку поморски вежби
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митева до Жерновски: Со владиниот авион нема ниту една злоупотреба

    Митева до Жерновски: Со владиниот авион нема ниту една злоупотреба

    18.02.2026 во 20:29
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, која дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за пласирањето невистинити и манипулации од страна на СДС за користењето на владиниот авион, потенцирајќи дека користењето било согласно правилникот за работа на Владата и дека нема злоупотреба на државниот воздухоплов. Притоа нагласувајќи дека Владата се залага за политики кои обезбедуваат стабилност, предвидливост и економски напредок.

    „СДС се служат со манипулации со невистинити во јавноста, со расфрлање на пердуви кои што не носат апсолутно ништо. Ако ја изгледал прес-конференцијата ќе знаел кои се причините, зошто и како е користен владиниот авион, дека истиот е согласно правилник за работа на Владата. Така да тоа се сите многу големи невистини кои постојано ги слушаме од СДС, можеме да ги видиме на дневните прес-конференции, но јавноста е доволно мудра за да заклучи зошто Владата носи определени политики, се залага за една политика која што значи предвидливост, стабилност за државата, економски напредок и ќе продолжиме во таа насока, а се надевам дека опозицијата вистински ќе се реформира. Апсолутно можам да кажам дека нема ниту една злоупотреба на користење на државниот воздухоплов“, рече Митева.

    Митева во емисијата упати остра критика до Андреј Жерновски за молкот од страна на опозицијата, во однос на случајот со запленетата марихуана, нагласувајќи дека токму одговорите за тоа кој е сопственикот и која е фирмата треба да се дадат од нивна страна.

    „Одговори многу даваме, но некако од вашата страна го слушаме молкот, до каде водат тие 5, не 7, туку 40 тони марихуана, кој е сопственикот, која е фирмата, чиј претседател на општински одбор бил и така натаму, одговорите некако треба да дојдат од другата страна затоа што кога ќе се отворат многу прашања кои што во минатото ја создале таа матна вода, а вие некако денес во таа матна вода пробувате да ловите, не успева таа тактика, мора да бидеме концизни и конкретни кога ги кажуваме работите, има факти, има институции, има податоци коишто со текот на времето се повеќе и повеќе излегуваат на површина“, вели Митева.

    Популарно

    ФОТО: “Кога не се чувствуваш баш добро, а мора…”- Последната објава на починатиот Виктор од Прилеп

    18.02.2026 во 08:34

    Собранието гласа за нов уставен судија

    18.02.2026 во 08:21

    Се укинува вонредното студирање: Јаневска најави радикални реформи за спас на образованието

    18.02.2026 во 13:43

    Аларм од СЗО за цела Европа: Се заканува нов вирус, болките траат пет години

    18.02.2026 во 11:12

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.