Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, денеска од собраниската говорница информираше дека Македонија, во координација со останатите земји од Западен Балкан, води интензивна дипломатска офанзива во Брисел. Целта е промена на рестриктивните мерки кои веќе подолг период ги кочат транспортерите од регионот.
„Се организиравме како влади за да вршиме притисок во Брисел. Конечно на 11 февруари беа изнесени 50-тина предлози за промена на состојбата. Иако засега нема целосно разбирање од земјите членки на ЕУ, тоа не значи дека работата е завршена. Ние продолжуваме понатаму“, дециден беше Димитровски во одговор на пратеничко прашање од СДСМ.

