Close Menu
Press24
    Најново

    Трамп направи голема штета

    18.02.2026 во 10:01

    Силниот ветер направи хаос – Одлета лимена конструкција од покрив на училиште

    18.02.2026 во 10:00

    ВМРО-ДПМНЕ: Со нас се зголемија платите, се грижиме за работниците

    18.02.2026 во 09:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Трамп направи голема штета
    • Силниот ветер направи хаос – Одлета лимена конструкција од покрив на училиште
    • ВМРО-ДПМНЕ: Со нас се зголемија платите, се грижиме за работниците
    • Децата на работниците во Чернобил имаат мутации во нивната ДНК: Потврдено 40 години по трагедијата
    • Починал на лице место – Детали за страшната сообраќајка кај Кучевиште
    • Зеленски бара средба со Путин
    • Падна пироманот кој го запали „Брабусот“ на Бака Прасе: Уапсен 23-годишник, му се заканува затвор
    • МВР со апел, не наседнувајте на измами: Жена остана без 3.000 евра, на други им барале 20.000
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР со апел, не наседнувајте на измами: Жена остана без 3.000 евра, на други им барале 20.000

    МВР со апел, не наседнувајте на измами: Жена остана без 3.000 евра, на други им барале 20.000

    18.02.2026 во 09:16
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Три жени од Тиквешкиот регион станале жртви на измами во рок од неколку дена, потврдуваат од Секторот за внатрешни работи – Велес. Полицијата апелира на зголемена внимателност.

    Во два од случаите, повозрасни жени биле измамени со барање за по 20.000 евра за наводна операција на нивната внука или ќерка, додека во третиот случај, кавадарчанка изгубила речиси 3.000 евра при договарање на заеднички бизнис кој не се реализирал.

    На 10 февруари, 72-годишна жена од Неготино пријавила дека непознато лице ѝ се јавило на телефон, претставувајќи се како директор на болница во Велес. ѝ рекол дека нејзината внука се здобила со скршеница и дека е потребно да донира 20.000 евра за операција. Во позадина се слушал плач на жена, за која ѝ рекле дека е нејзината снаа. Кога жената и нејзиниот сопруг пристигнале во болницата, не го нашле лицето и персоналот потврдил дека нема таков пациент, по што сфатиле дека станува збор за измама.

    Истовремено, 77-годишна жена пријавила дека непознато лице ѝ се претставило како лекар од Велес и барало 20.000 евра за операција на нејзината ќерка. По разговор со возачот на такси и јавување кај нејзиниот зет, сфатила дека се работи за измама.

    • На 13 февруари, 28-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена со 180.000 денари од жена од истиот град, која ѝ ветила заеднички бизнис. Парите ѝ биле предадени лично, но договорот не бил реализиран.

    Од СВР – Велес истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на настаните, а полицијата спровела и превентивни активности за заштита од измами.

    Полицијата препорачува да се внимава при комуникација со непознати лица и сите сомнителни случаи да се пријавуваат во најблиската полициска станица.

    Една од жртвите изјавила дека измамниците располагаат со лични информации, знаат имиња на роднини и звучат убедливо, што предизвикува голема паника, особено кај повозрасните лица. Таа нагласи дека е важно да не се подлегнува на стрес и паника и да не се носат одлуки под притисок.

    Top News

    Популарно

    ФОТО: “Кога не се чувствуваш баш добро, а мора…”- Последната објава на починатиот Виктор од Прилеп

    18.02.2026 во 08:34

    Собранието гласа за нов уставен судија

    18.02.2026 во 08:21

    ЕВН најави исклучувања – Без струја улици во три скопски општини

    18.02.2026 во 08:18

    МВР со апел, не наседнувајте на измами: Жена остана без 3.000 евра, на други им барале 20.000

    18.02.2026 во 09:16

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.