Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Власта да одговори како 5 тони дрога ја поминале границата

    СДСМ: Власта да одговори како 5 тони дрога ја поминале границата

    16.02.2026 во 09:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    16 дена јавноста чека одговор како 5 тони дрога ја поминале македонската граница и завршиле во Србија. Нема одговор кој од власта ќе одговара за најголемиот нарко скандал, велат од СДСМ.

    „Наместо одговори, гледаме дефокус, лицитирање со бројки за запленета наводно нелегално произведена марихуана во Македонија и обиди за заташкување  на скандалот.

    Премиерот Мицкоски лицитира со 25, 40, па и 100 тони запленета марихуана, наводно нелегално произведена. 

    Ако навистина станува збор за нелегално производство од такви размери, тоа отвора уште посериозно прашање за одговорноста која мора да се прошири на повеќе институции токму во власта. 

    Како се произвела марихуана на површина од речиси 40 фудбалски стадиони, наводно нелегално, а институциите не знаеле, не провериле, не контролирале? 

    Одговорност мора да има и за МВР и за Здравство и за Земјоделие и за инспекторати, за сите што требало да контролираат, а не контролирале. За тие што требало да спречат, а не спречиле.

    Наместо дефокус и бегање од одговорноост власта да одговори:

    Како 5 тони дрога ја поминале границата и кој дозволил во државата да никнат 40 фудбалски стадиони марихуана?

    СДСМ нема да дозволи овој скандал да се заташка. Одговорност мора да има – за сите“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.