Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја суспендирале обвинителката Лејла Кадриу за да не заврши половина влада на СДС во затвор

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја суспендирале обвинителката Лејла Кадриу за да не заврши половина влада на СДС во затвор

    14.02.2026 во 10:472 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС системски го уништуваше македонското здравство а Венко Филипче беше најлошиот министер за здравство во историјата на државата. Венко Филипче како екс министер за здравство, имаше сериозни неуспеси освен неуспехот со справувањето со пандемијата мандатот го обелажаа и скандали како Онкологија и трагичниот инцидент во модуларната болница во Тетово, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Венко Филипче и Зоран Заев наместо да обезбедат подобрени и побезбедни услови во здравството, тие ги заобиколувале законите и процедурите со единствена цел  да се заштитат себеси и да профитираат на сметка на граѓаните.

    Венко Филипче и Зоран Заев наместо одговорност, транспарентност и грижа за човечките животи, носеле одлуки по итна постапка и правеле сомнителни зделки.

    Лејла Кадриу поранешна обвинителка сведочи дека ја суспендирале бидејќи пола влада на СДС ќе завршела во затвор во врска со истрагата за трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 наши сограѓани.

    Според Кадриу, пред поставувањето на модуларните болници биле направени законски измени по итна постапка, со што овие објекти биле третирани како урбана опрема. На тој начин, наместо да се применуваат построги стандарди за градба, одобрувањето било олеснето и концентрирано во рацете на Министерството за здравство, тогаш предводено од Венко Филипче, во време на Владата предводена од Зоран Заев.

    Кадриу посочува дека наместо квалитетни и огноотпорни материјали, биле користени несоодветни панели, како и дека немало соодветен елаборат за електрична инсталација, што според неа придонело за трагичниот исход. Дополнително, се отвора прашањето за вкупните средства предвидени за модуларните болници и нивната реална потрошувачка.

    Целата ситуација можело да доведе и до поголема експлозија и повеќе човечки жртви бидејќи објектот  бил поставен директно над резервоар на бензиска пумпа.

    Кадриу наведува дека клучниот момент за нејзината суспензија бил кога побарала градежно вештачење, по што, како што тврди, била отстранета од предметот. Според нејзиното сведоштво, доколку истрагата продолжела без притисоци, одговорноста можела да достигне до највисоките владини структури и пола влада на СДС ќе завршела во затвор.

    Овој случај отвора сериозни прашања за транспарентноста, одговорноста и независноста на правосудниот систем. Јавноста има право на целосна вистина и институционална одговорност за трагедијата што ја потресе државата.

    Бараме темелна, независна и непристрасна истрага, како и целосно расчистување на сите сомнежи поврзани со овој случај. Одговорност мора да има“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.