Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Изборот на советникот на Мицкоски за уставен судија е тотална партизација на државата

    13.02.2026 во 09:56

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС овозможиле одгледување канабис на отворено спротивно на законот

    13.02.2026 во 09:45

    Дневен хороскоп: За Овните започнува ново и сериозно животно поглавје, кај Близнаците фокусот е ставен на идните планови

    13.02.2026 во 09:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • СДСМ: Изборот на советникот на Мицкоски за уставен судија е тотална партизација на државата
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС овозможиле одгледување канабис на отворено спротивно на законот
    • Дневен хороскоп: За Овните започнува ново и сериозно животно поглавје, кај Близнаците фокусот е ставен на идните планови
    • Денеска е Петок 13-ти: Зошто светот се плаши од овој ден и што е Параскевидекатриафобија
    • Возете внимателно, на овие патни правци има магла – видливоста е до 50 метри
    • ЕВН најави исклучувања – проверете дали денеска ќе имате струја
    • Времето денеска променливо облачно, викендот подгответе се за невреме
    • САД и Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Изборот на советникот на Мицкоски за уставен судија е тотална партизација на државата

    СДСМ: Изборот на советникот на Мицкоски за уставен судија е тотална партизација на државата

    13.02.2026 во 09:56
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро, велат од СДСМ.

    „Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата.

    Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што  политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени.

    Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството.

    Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд.

    Додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат.

    Носат закони за правосудатво кои се спротивни на препораките на ЕУ.

    Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски.

    Следува целосно погребување на правдата и правната држава“, се вели во соопштението во СДСМ.

    Популарно

    Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од ВЛЕН, ќе одлучува кој министер ќе биде предложен од нејзина страна

    12.02.2026 во 23:58

    Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на времето

    10.02.2026 во 11:12

    САД и Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија

    13.02.2026 во 00:13

    Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени

    12.02.2026 во 23:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.