Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: За граѓаните и за работниците „нема пари“, само за луксузот на премиерот – мора да има

    СДСМ: За граѓаните и за работниците „нема пари“, само за луксузот на премиерот – мора да има

    12.02.2026 во 09:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека над 200.000 работници едвај врзуваат крај со крај, а вредноста на синдикалната кошница одамна надмина 66 илјади денари, Владата одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, велат од СДСМ.

    „Работниците протестираат за достоинствени плати на улиците, за да можат да ги платат сметките и да обезбедат храната а Владата ги игнорира и најавува купивање нов авион. 

    Ова е навреда за секој чесен работник, за секое семејство кое се бори со тешкото секојдевие, со високите трошоци и поскапувањата.

    Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ го блокираат законското решение на СДСМ во Собранието за 600 евра минималната плата и поддршка на компаниите. 

    Не сакаат ниту да дојде на дневен ред затоа што не сакаат да ги покачат платите на работниците и не сакаат да им помогнат на компаниите.

    Владата сака да купи нов авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос.

    Груевски со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да купива авион на грбот на народот.

    За граѓаните и за работниците „нема пари“, само за луксузот на премиерот – мора да има, така функционира оваа криминална власт, во мафијашки стил.

    СДСМ останува на страната на работниците и ќе продолжи да се бори за повисоки плати за работниците, економска правда и враќање на достоинството на граѓаните“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.