Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО: Тепачка меѓу возач на тротинет и автомобил во центарот на Скопје

    11.02.2026 во 22:50

    Касами: Извинете што на лидерска дојдов со бмв-то, јас немам кола – ја возам на моите родители

    11.02.2026 во 22:27

    Филипче од Штип: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

    11.02.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ВИДЕО: Тепачка меѓу возач на тротинет и автомобил во центарот на Скопје
    • Касами: Извинете што на лидерска дојдов со бмв-то, јас немам кола – ја возам на моите родители
    • Филипче од Штип: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО
    • Почина славниот актер Џејмс Ван Дер Бик, имаше 48 години
    • Прилагодете ја брзината: Сообраќајот се одвива по влажни коловози
    • Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски
    • Како да бидете помалку зависни од мобилниот телефон?
    • Жена прегазена во Карпош, возачот кој избегал бил пронајден од полицијата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче од Штип: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

    Филипче од Штип: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

    11.02.2026 во 22:17
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3, порача дека  консолидацијата и внатрепартиското единство се клучни предуслови за зајакнување на СДСМ и за успешна борба против оваа власт. Тој нагласи дека нема да дозволи внатрепартиски поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ.

    -Има некои луѓе кои што се амбицираат како некоја групација, меѓутоа не сакаат да дојдат и да разговараат, не сакаат да ги соочат аргументите, затоа што аргументи немаат. Затоа што се платени од ВМРО-ДПМНЕ на кои што проектот ЗНАМ веќе им пропадна, и не може да сметаат повеќе на тоа, рече Филипче.

    Филипче додаде дека, со оглед на падот на поддршката кај ВМРО, единствениот начин што го користат  е да предизвикуваат поделби во СДСМ но дека тој нема да дозволи нови поделби и внатрешно роварење.

    -Имајќи предвид како ја губат поддршката од граѓаните, се што може да направат е дополнително нас да не делат. Јас нема да го дозволам тоа внатрепартиско роварење, делење, заради нечии интереси коишто да знаете ако не се сте ја знаеле позадината тој проект е повторно, како проектот ЗНАМ, платен од ВМРО-ДПМНЕ, платен заради тоа што тој е единствениот начин тие да останат на власт, рече Филипче.

    Претседателот на СДСМ упати порака и до оние кои се обидуваа да не успее Конгресот на СДСМ.

    -Жалам што имаше другари, кои се обидуваа и конгресот да не успее. Пуштаа пораки на делегатите, им кажуваа да не доаѓаат. Сакам јасно и гласно да им кажам да им биде последно. На крај памет, не да направат нешто, да помислат нешто, да направат против партијата од која добиле се. Не станува збор за мене. Ние не можеме да работиме еден против друг, против СДСМ. Кој и да работи против, работи против партијата. Со тоа, во оваа ситуација и против државата, рече Филипче.

    Популарно

    Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на времето

    10.02.2026 во 11:12

    Се подготвувал за војна – Полицијата во шок по претрес во куќа во Макарска

    10.02.2026 во 11:02

    (ВИДЕО) Снимен моментот на силниот земјотрес во Тетово

    11.02.2026 во 11:20

    (ВИДЕО) „Се тресеше околу десет секунди“ – Први снимки од синоќешниот земјотрес, луѓе бегаат од зградите

    11.02.2026 во 09:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.