Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Грција: Маж почина по расправија за лежалка за плажа
    • Инспекција во Центар: Казни од по 1.300 евра
    • Трагедија во Македонија: Мртов маж пронајден на Шар Планина
    • Нови проекти во Крушево: Од инфраструктура до туризам и спорт
    • „Феникс“ 2026: Општина Центар бара предлози за најзаслужните
    • Млад Македонец загина во Италија
    • ВРЕДИ до Ахмети: Пресудите не се пишуваат во партиско седиште
    • ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: „Граѓаните паметат што правеше СДСМ на власт“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Луѓе на Спасовски диктирале кој да се гони, а Катица Јанева само ги потпишувала желбите на СДС

    Манасиевски: Луѓе на Спасовски диктирале кој да се гони, а Катица Јанева само ги потпишувала желбите на СДС

    11.02.2026 во 14:011 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изнесе сериозни обвинувања за начинот на кој функционирало Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Според него, институцијата работела под директна насока на Зоран Заев и Оливер Спасовски, а врз обвинителите бил вршен жесток притисок за тоа кои лица треба да бидат опфатени со истрагите.

    Манасиевски се повика на сведоштвото на поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, која тврди дека била отстранета од работа бидејќи одбила да ги прошири обвиненијата по желба на тогашен советник на Спасовски.

    Манасиевски во своето обраќање истакна:

    „Советник на Оливер Спасовски во канцелариите на СЈО и кажал на обвинителката Кадриу дека треба да се прошири опсегот на лица во случајот на кој работела. Откако таа не го прифатила ова, за кратко време била избркана. На овој начин СДС, Заев и Спасовски раководеле со СЈО преку Катица Јанева.“

    Според ВМРО-ДПМНЕ, обвинителите Ристоска, Бубевски, Фетаи и Стефанова ги работеле предметите додека Јанева била само координатор без познавање на материјата, а целиот систем бил поставен за исполнување на политички желби.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ до Ахмети: Пресудите не се пишуваат во партиско седиште

    21.09.2026 во 09:26

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: „Граѓаните паметат што правеше СДСМ на власт“

    21.09.2026 во 09:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.