Close Menu
Press24
    Најново

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу од Тирана: Основањето на Пан-албанскиот колеџ на хирурзи ги подигнува стандардите во здравството

    Алиу од Тирана: Основањето на Пан-албанскиот колеџ на хирурзи ги подигнува стандардите во здравството

    07.02.2026 во 11:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу, вчера учествуваше на основањето на Пан-албанскиот колеџ на хирурзи (ПAKX), кое се одржа во Тирана, соседна Албанија.

    Во своето обраќање пред присутните хирурзи од Албанија, Северна Македонија, Косово, Австрија, Германија, Швајцарија, САД и други, држави министерот Алиу нагласи дека со оваа професионална организација се поставуваат нови мостови на поврзување меѓу институциите и различните генерации на хирурзи, притоа поврзувајќи ја оваа хумана професија со нејзината благородна цела за безбедност и достоинство на пациентот.

    „Хирургијата е област која бара високи стандарди затоа што може да биде прашање на живот или смрт за човекот. Затоа, основањето на ПAKX е важно не само за хируршката заедница, туку и за министерствата за здравство и јавните здравствени системи во целиот регион. Секоја иницијатива што ги подигнува стандардите, го зајакнува континуираното образование, овозможува размена на добри практики и гради професионални мрежи, значи намалување на ризиците, подигнување на квалитетот и зголемување на довербата во здравството“, рече во своето обраќање министерот Алиу.

    Тој оцени дека основањето на колеџот е резултат на сериозна и долгорочна работа и продолжение на успешните регионални искуства, што води кон создавање на реална можност за менторство, размена на искуство, заеднички програми за обука и создавање култура на заеднички квалитет во хирургијата.

    „Кога  професионалците преку вакви организации се обединуваат околу стандардите, тогаш може да се очекува здравствените политики да бидат пореални и применливи. Верувам дека овој колеџ ќе прерасне во платформа за заеднички обуки, размена на специјализанти, структурирано менторство, симулациски тренинг и академска соработка меѓу универзитетите и клиниките. Притоа, очекувам оваа соработка да прерасне и во силен постојан механизам за прекугранична соработка, консултации и координација“, рече министерот за здравство, Азир Алиу, притоа додавајќи дека здравството е просторот каде политиката мора да биде најодговорна, затоа што секоја одлука допира до човечки живот.

    Прочитај повеќе

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.