Close Menu
    Најново

    „Се подготвуваме за нови изборни победи„ – Мицкоски ги претстави новите луѓе на партијата

    06.02.2026 во 19:53

    Драган Ковачки е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

    06.02.2026 во 19:24

    Стојановски: Продолжуваме со покачување на платите и пензиите

    06.02.2026 во 19:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • „Се подготвуваме за нови изборни победи„ – Мицкоски ги претстави новите луѓе на партијата
    • Драган Ковачки е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
    • Стојановски: Продолжуваме со покачување на платите и пензиите
    • Хрватите проговорија за границите: Нема одложување на EES системот
    • Возете внимателно: Еве каде моментално вее снег
    • (ВИДЕО) Трамп ги спореди Барак и Мишел Обама со мајмуни
    • Мерц: Подготвени сме за дијалог со Русија
    • ЕУ го подготвува 20-тиот пакет санкции против Русија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » „Се подготвуваме за нови изборни победи„ – Мицкоски ги претстави новите луѓе на партијата

    „Се подготвуваме за нови изборни победи„ – Мицкоски ги претстави новите луѓе на партијата

    06.02.2026 во 19:53
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва по седницата на Централниот комитет ги соопшти имињата на новиот Извршен комитет (ИК) на партијата. Клучната промена е на позицијата генерален секретар, каде досегашниот Ѓорѓија Сајкоски е заменет со пратеникот Драган Ковачки.

    Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, рече Мицкоски.

    Мицкоски посочи дека Централниот комитет донел одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, којшто претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата.

    „Овие одлуки се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици. Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.

    Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството.

    Воедно најавувам дека во периодот којшто следи ќе имаме избор на претседатели на партиските општински комитети, како и избор на нови раководства на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани. Овие процеси ќе се водат инклузивно, со јасна визија за иднината и со фокус на квалитет, одговорност и резултати.

    Инаку, составот на Извршниот комитет е следен:

    Генерален секретар е, нов генерален секретар практично е пратеникот Драган Ковачки.

    За членови на Извршниот комитет на партијата се избрани следниве:

    Александар Николоски, којшто е моментално потпретседател на Владата и министер за транспорт.

    Владо Мисајловски, којшто во моментот ја извршува функцијата министер за одбрана.

    Гордана Димитриеска-Кочоска, којашто во моментот е министер за финансии.

    Тимчо Муцунски, кој што во моментот е министер за надворешни работи и надворешна трговија.

    Ѓорѓија Сајкоски, досегашниот генерален секретар на партијата, актуелен пратеник. 

    Потоа Никола Мицевски, кој што е моментално координатор на пратеничката група и согласно статутот по функција е дел и од Извршниот комитет на партијата.

    Луке Галески, кој што е дел од кабинетот на Владата и шеф на Центарот за комуникации и при Владата и во ВМРО-ДПМНЕ.

    Потоа потпретседателот на македонското собрание Антонијо Милошоски.

    Потоа пратеничката и заменик координатор на пратеничката група Дафина Стојаноска. Потоа пратеничката Рашела Мизрахи.

    Националниот координатор за демографија Влатко Ѓорчев, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, потоа Марија Андоновска која што е директор во Институтот за јавно здравје.

    Пратеничката и заменик координатор на пратеничката група, Ели Панова.

    Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

    Портпаролот на Владата, Марија Митева.

    Благоја Ташаминов, којшто е дел од мојот владин кабинет и претседател на Кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

    Градоначалникот на Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски.

    Пратеничката Драгана Бојковска.

    Директорот на 8 Септември, Синиша Стојаноски.

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

    Носителот на листа на последните локални избори во град Битола, инаку професор на техничкиот факултет во Битола и член на Советот во општина Битола, Филип Поповски.

    И директорот на Царина, тоа е Бобан Николовски.

    На овие ќе им се приклучат, според Статут и функција, новите претседатели на Унијата на жени и Унијата на млади сили и Унијата на ветерани.

    За организационен секретар е избран Ивица Томовски, досегашен и иден директор на Централниот штаб.

    А, за шеф на мојот кабинет и шеф на мојот владин кабинет, Владимир Нелоски којшто продолжува да биде и шеф на кабинет во рамките на ВМРО-ДПМНЕ.

    Во услови кога имаме опозицијата којашто не нуди решенија и којашто е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО ДПМНЕ.

    ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“, нагласи Мицкоски.

    Популарно

    Возел без возачка, полицајците го фатија на дело – сега остана без автомобил

    06.02.2026 во 12:59

    Добри вести за граѓаните од регионот: Целосно се бришат јануарските сметки за струја

    06.02.2026 во 17:39

    Полицајци, наставничка и пожарникар од Скопје направиле криминална шема – ваделе брзи пасоши за граѓаните

    06.02.2026 во 13:17

    СДСМ: ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, сега врши „бркање вештерки“ по компаниите

    06.02.2026 во 10:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.