Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО од големиот пожар во Штип

    10.06.2026 во 22:34

    Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција

    10.06.2026 во 22:29

    Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат

    10.06.2026 во 22:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО од големиот пожар во Штип
    • Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
    • Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
    • Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Стојаноска: СДС го имаа вториот Груби, но во Министерство за земјоделие, интерпелацијата за Трипуновски е неоснована
    • Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
    • Стојаноски: СДС го уништи земјоделието, да имаше реални обвинители Љупчо Николовски ќе беше во затвор
    • Петкова до Бочварски: Заборавивте ли дека во ваше време имаше протести, неисплатени плати и најголемо незадоволство кај земјоделците
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски по средбата со синдикатите: На маса е покачување на платите на административците за 40%

    Мицкоски по средбата со синдикатите: На маса е покачување на платите на административците за 40%

    05.02.2026 во 17:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ, ја оцени денешната средба со УПОЗ како конструктивна, потенцирајќи дека ги презентирале пред претставниците на синдикатот условите и правилата за покачување на платата на административците за 40 проценти, додавајќи дека сега очекува одговор од нивна страна дали го прифаќаат предлогот од страна на Владата.

    „Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред. Тие исто како и претставниците од КСС рекоа да се консултираат со раководството во рамките на својата синдикална гранкова единица и потоа во текот на утрешниот ден ќе не информираат. И доколку е се во ред, тогаш во недела би требало конечно да се согласиме, и од понеделник да почне изготвувањето на т.н. темплејт односно примерок како би изгледал тој индивидуален синдикален договор и понатаму нормално тој во различни работни единици ќе се усвојува и врз основа на тоа ќе започне исплатата на платите во април, за мартовска плата оваа година, која би опфатил 8 процентно зголемување на збирот од сегашната плата зголемена за минималната плата што треба да се нивелира. Истото ова би се реплицирало во 2027 година и во 2028 година. Што значи дека за отприлика за 2 години и 2, 3 месеци од сега, административните службеници, тие кои што не добиле, како што добија некои од нив во минатото, ќе имаат минимално 40 проценти поголема плата, споредено со денешното ниво“, посочи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат

    10.06.2026 во 22:20

    Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

    10.06.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.