Close Menu
Press24
    Најново

    Лута толпа запали центар за ебола, најмалку 160 мртви

    21.05.2026 во 23:51

    Месечен хороскоп за јуни: Астролошки пресврти – кој добива неочекувани пари, а кој ќе ја менува кариерата

    21.05.2026 во 23:34

    Мечка се шета низ Битола и околните села: Градоначалникот Коњановски ги крена на нозе сите институции

    21.05.2026 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лута толпа запали центар за ебола, најмалку 160 мртви
    • Месечен хороскоп за јуни: Астролошки пресврти – кој добива неочекувани пари, а кој ќе ја менува кариерата
    • Мечка се шета низ Битола и околните села: Градоначалникот Коњановски ги крена на нозе сите институции
    • Се повлекува македонска салата поради опасен пестицид – Аларм во Хрватска
    • Наскоро избори, најави Вучиќ
    • Добри вести за пензионерите од регионот: Се зголемуваат пензиите
    • Гаши: Меѓуетничките тензии се опасни, уставните измени се желба на Албанците, но ја почитувам волјата на македонското мнозинство
    • Четири хороскопски знаци ги чека финансиски пресврт во јуни и чистење на долговите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Не се сеќавам дали ја убив мајка ми“: Заврши судењето за убиството во Штип, Зарков чека пресуда

    „Не се сеќавам дали ја убив мајка ми“: Заврши судењето за убиството во Штип, Зарков чека пресуда

    05.02.2026 во 14:451 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Основниот суд во Штип денеска заврши судскиот процес против Стојанче Зарков, познат штипски угостител, обвинет дека во август минатата година ја убил својата 84-годишна мајка Марија.

    Во своите завршни зборови и исказ пред судот, Зарков изјави дека не се сеќава дали тој го извршил убиството. Тој го опиша критичниот ден (8 август 2025), велејќи дека ги извршувал вообичаените обврски, ѝ купил лекови и храна на мајка си, а по излегувањето се вратил дома со такси. Тврди дека ја нашол мајка си со крв на вратот откако слушнал викање од другата соба.

    Сепак, ова тврдење се коси со снимката од повикот за итни случаи, каде Зарков се јавил и рекол: „Ја прободев несакајќи мајка ми, или ќе преживее или нема“. За оваа снимка, тој денеска рече дека дознал дури откако му била пуштена во судот и дека нема сеќавање за тој повик. Зарков призна дека имал проблеми со алкохолот и изрази жалење што не се лекувал навреме.

    Судијата Сашко Георгиев закажа објавување на пресудата за 9 февруари во 12:30 часот.

    Прочитај повеќе

    Мечка се шета низ Битола и околните села: Градоначалникот Коњановски ги крена на нозе сите институции

    21.05.2026 во 23:20

    Се повлекува македонска салата поради опасен пестицид – Аларм во Хрватска

    21.05.2026 во 23:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.