Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

    Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

    04.02.2026 во 17:33Updated:04.02.2026 во 17:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност на тема „Инвестирање од 5% во одбраната и посветеноста кон партнерството со САД“.

    На овој значаен настан учествуваа светски лидери и претставници на Американскиот конгрес, при што се дискутираше за безбедноста и зајакнувањето на трансатлантската соработка. Во продолжение е целосното обраќање на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

    „Ми претставува чест да се обратам во име на Собранието на Република Северна Македонија, со чувство на одговорност за иднината на нашата заедничка безбедност. Посветеноста на нашата земја кон НАТО е силна, водена од убедувањето дека ниту една нација не може сама да ја гарантира својата безбедност. Северна Македонија придонесува. со дисциплина, стои покрај своите сојузници, ги исполнува преземените обврски и го докажува партнерството преку дела. Во време на глобална неизвесност, соработката во рамките на НАТО е поважна од кога било, особено за земји како нашата, во срцето на Балканот“, изјави Гаши.

    Зајакнувањето на институциите, инвестициите во одбраната и заедничката интероперабилност се од суштинско значење за нашата колективна отпорност. Ние стоиме како лојален сојузник на НАТО и стабилен партнер на Соединетите Американски Држави. Како што има истакнато претседателот Џон Ф. Кенеди: „Им ветуваме лојалност на лојалните пријатели. Бидејќи обединети, има малку нешта што не можеме да ги направиме; поделени, има малку нешта што можеме да ги направиме.“ А децении подоцна, претседателот Џорџ В. Буш го потврди овој двопартиски принцип, потсетувајќи нè дека „за да го обновиме нашето единство, доволно е да се потсетиме на нашите вредности“. Во истиот дух, Северна Македонија ја избира одговорноста наместо двоумењето и единството наместо поделбите. Ова е нашето ветување кон заедничките вредности, заедничката безбедност и силната Трансатлантска алијанса, додаде Гаши.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.