Close Menu
Press24
    Најново

    Започна ретроградниот Хирон: Астролошки промени и лекции за сите хороскопски знаци до јануари 2027 година

    04.08.2026 во 21:41

    Температурите во оваа област достигнаа 53°C – Не е дозволено да бидете надвор повеќе од 10 минути тука

    04.08.2026 во 21:31

    Кривична пријава за стружанец: Се заканувал на сопствената сестра

    04.08.2026 во 21:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Започна ретроградниот Хирон: Астролошки промени и лекции за сите хороскопски знаци до јануари 2027 година
    • Температурите во оваа област достигнаа 53°C – Не е дозволено да бидете надвор повеќе од 10 минути тука
    • Кривична пријава за стружанец: Се заканувал на сопствената сестра
    • (ВИДЕО) Двајца косовски државјани уапсени во Скопје: Во „голф“ им пронашле над 230.000 фалсификувани евра
    • Шестмина загинати и 34 повредени во тешка сообраќајна несреќа во Италија
    • Македонските аеродроми бележат историски рекорди, посочи Николоски
    • Николоски: Секогаш сме спремни за избори
    • Николоски: Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид ќе се пушти во следните месеци, целиот автопат готов до мај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мисајловски од Шпанија: Вештачката интелигенција е клучна за воените капацитети

    Мисајловски од Шпанија: Вештачката интелигенција е клучна за воените капацитети

    04.02.2026 во 16:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На покана на министерката за одбрана на Кралството Шпанија, Маргарита Роблес Фернандес, министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваше на отворањето на 3. глобален меѓународен самит за вештачка интелигенција во областа на одбраната – REAIM, кој денес и утре се одржува во А Коруња, Шпанија.

    Целта на овој Самит на кој учествуваат министри, државни претставници од речиси сите земји членки на ООН, претставници на меѓународни организации, академици, и други високи гости е зајакнување на глобалната свест за одговорен развој на вештачката интелигенција во воен контекст, притоа почитувајќи ги човековите права и меѓународното право.

    Во рамки на Самитот, министерот Мисајловски оствари средба со својата колешка Роблес, на која беше истакната заедничката подготвеност за унапредување на билатералната одбранбена соработка и се разговараше за повеќе предлог заеднички активности и изготвување План за соработка меѓу двете земји.

    Во оваа прилика министерот Мисајловски се заблагодари за поканата и истакна дека Самитот претставува значајна можност за размена на експертски мислења во доменот на одбраната и безбедноста.

    “Технологијата во воената област се развива со огромна брзина и затоа соработката на тоа поле е суштинска во развојот на воените капацитети и способноста на сојузниците да ја гарантираат безбедноста”, рече министерот. Додаде дека поканата за учество е доказ и за одличните билатерални одбранбени односи со Шпанија чие унапредување беше клучна  тема на состанокот.

    Мисајловски истакна дека нашата земја во ноември 2024 година беше првата земја-кандидат за членство во Унијата од Балканот што го потпиша Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ, и додаде дека македонскиот придонес кон регионалната и колективната безбедност со ист интензитет ќе продолжи и во иднина.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Секогаш сме спремни за избори

    04.08.2026 во 19:56

    Николоски се сретна со Варнс: Инфраструктурните проекти и економската соработка во фокусот на разговорите

    04.08.2026 во 18:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.