Со порака за достоинство и заедништво, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски се поклони пред делото на Гоце Делчев, нагласувајќи дека во тежината на историјата, македонското име отсекогаш било искушение, но и светилник.
Вечна ти слава, Гоце Македонецу!, рече Ѓорѓиевски.
„Денес, кога оддаваме почит на 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, неговото дело одѕвонува посилно од било кога.
Неговата борба беше борба за суштината, за идентитетот, за правото на Македонецот да биде свој на своето.
Во тежината на историјата, македонското име секогаш било искушение, но и светилник“, истакна градоначалникот.
Ѓорѓиевски посочи дека Гоце бил визија пред времето.
„Храброст што не се повлекува.
Ум што гледа подалеку од моментот.
Со својот живот ни остави аманет и патоказ кон слободна, силна и обединета Македонија, изградена врз вистина, достоинство и заедништво.
Борбата на Гоце не заврши.
Таа продолжува во секој што ја брани вистината, во секој што не се откажува од своето, во секоја генерација што ја носи Македонија во срцето.
Опстанокот на вистината за Македонецот мора да живее.
Тоа е нашиот завет. Нашиот аманет.
Нашата должност, денес и засекогаш!
Да живее Република Македонија!“, порача Ѓорѓиевски.

