Close Menu
Press24
    Најново

    Јаневска: Околу 4.000 првачиња сè уште не се запишани, но конечните бројки ќе бидат познати до крајот на септември

    11.08.2026 во 21:38

    ЕУ гарантира итна помош по земјотресот во Колумбија

    11.08.2026 во 21:20

    МВР со итно предупредување: Не кликајте на линкови од лажни пораки за казни од „Безбеден град“

    11.08.2026 во 21:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска: Околу 4.000 првачиња сè уште не се запишани, но конечните бројки ќе бидат познати до крајот на септември
    • ЕУ гарантира итна помош по земјотресот во Колумбија
    • МВР со итно предупредување: Не кликајте на линкови од лажни пораки за казни од „Безбеден град“
    • УНЕСКО: Забраната за училиште во Авганистан засега 2,4 милиони девојчиња
    • МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
    • Николоски: Работиме со општина Кисела Вода и Град Скопје да го решиме свлечиштето кај Тефериџ
    • Квалитетот на водата во гостиварскиот водовод е добар, се чека на одлука за употреба за пиење
    • ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче и Заев се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е Жерновски, талог каков што нема да се повтори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија и Естонија ги зајакнуваат врските: Сиљановска-Давкова повика на поголеми естонски инвестиции

    Македонија и Естонија ги зајакнуваат врските: Сиљановска-Давкова повика на поголеми естонски инвестиции

    03.02.2026 во 13:251 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на Светскиот самит на Владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Република Естонија, Алар Карис, на којашто беа потврдени пријателските односи и естонската поддршка за македонските евроинтеграции.

    Сиљановска-Давкова се заблагодари за активната улога на Естонија во групата „Пријатели на проширувањето“ и искажа интерес за јакнење на билатералната соработка со балтичката земја и склучување договори во областите од заемен интерес.

    Претседателката нагласи дека остануваме целосно посветени на членството во ЕУ и стопроцентно усогласени со заедничката безбедносна и надворешна политика на Унијата. Таа го реафирмираше ставот дека евроинтеграцијата на Балканот e стратешка потреба за стабилноста и безбедноста на Европа.

    На средбата, беше поздравена соработката во областа на дигитализацијата, реализирана во партнерство со Центарот за меѓународен развој на Естонија, соработката со Балтичкиот колеџ за одбрана во Тарту, како и со Центарот за сајбер одбрана на НАТО во Талин.

    Укажувајќи дека постојат неискористени потенцијали во економијата, Сиљановска-Давкова изрази очекување за развој на нови заеднички проекти и поголемо присуство на естонските инвеститори во земјава.

    Соговорниците разменија мислења за актуелните глобални предизвици.

    Прочитај повеќе

    Јаневска: Околу 4.000 првачиња сè уште не се запишани, но конечните бројки ќе бидат познати до крајот на септември

    11.08.2026 во 21:38

    МВР со итно предупредување: Не кликајте на линкови од лажни пораки за казни од „Безбеден град“

    11.08.2026 во 21:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.