Close Menu
    Најново

    Туристичкиот сектор урива рекорди: Туркије лани со приходи од туризам од над 65 милијарди долари

    02.02.2026 во 21:24

    Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите да се договорат за минималната плата

    02.02.2026 во 21:12

    Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип

    02.02.2026 во 21:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Туристичкиот сектор урива рекорди: Туркије лани со приходи од туризам од над 65 милијарди долари
    • Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите да се договорат за минималната плата
    • Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
    • Каја Калас со остар став: Европска армија е „екстремно опасна“ идеја
    • Трамп и Моди постигнаа историски договор: Индија престанува да купува руска нафта
    • Два знаци очекуваат голема награда – судбината ги враќа долговите со камата
    • Министерот Андоновски во САД: Има набиена агенда
    • 101 возач добија забрана да возат на првиот ден со „Безбеден град“
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Туристичкиот сектор урива рекорди: Туркије лани со приходи од туризам од над 65 милијарди долари

    Туристичкиот сектор урива рекорди: Туркије лани со приходи од туризам од над 65 милијарди долари

    02.02.2026 во 21:24
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Рекордни 65 милијарди американски долари во минатата година се слеаја во Туркије како приходи од еден од клучните економски сектори на земјата, туризмот. Објавените резултати за туристичката дејност во 2025 година говорат дека државата сѐ повеќе ја зацврстува својата позиција како една од најатрактивните светски туристички дестинации, а плановите за наредниот период се уште поамбициозни.

    На прес-конференција во Истанбул, податоците за работењето на туристичкиот сектор ги претстави министерот за култура и туризам на Туркије, Мехмет Нури Ерсој. Тие говорат дека земјата лани била домаќин на 64 милиони туристи, што е раст за 2,7 отсто во однос на 2024 година, а во однос на 2017 година зголемувањето е за дури 68 проценти. Туристите кои минатата година ја посетиле Туркије потрошиле по 100 долари по ноќ, што е зголемување за 3,6 отсто во однос на 2024, и за 36 проценти во однос на 2017 година. Приходите од туризмот во 2025 година достигнале 65,231 милијарди долари, што во однос на претходната година претставува зголемување за 6,8 отсто, додека, пак, во споредба со 2017 година означува фасцинантен раст од 109 проценти.

    „Ова е рекорд на сите времиња. Нашата цел е за 2026 година туристичките приходи да достигнат 68 милијарди долари. Според податоците од Светската туристичка организација на Обединетите нации, туризмот на Туркије денес е сила не само на регионално, туку и на глобално ниво“, нагласи Ерсој.

    Тој потсети дека според бројот на туристи, во 2017 година Туркије била на осмо место во светот, а веќе во 2024 година земјата има значаен напредок, искачувајќи се на престижната четврта позиција. Се засилува и рангирањето на Туркије во поглед на приходите остварени од туризмот, па ако земјата во 2017 година беше на 15. место, веќе во 2024 година напредуваше и стана седми туристички играч во светски рамки.

    Популарно

    Внимавајте: Следните осум месеци посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје

    02.02.2026 во 10:01

    Димитриеска-Кочоска: Рекордни 58 финансиски истраги против 400 лица, криминалот повеќе нема да биде исплатлив

    02.02.2026 во 13:38

    Драма во Радовиш: Никна цела зграда без одобрение, надзорникот си наплатил 136.000 денари за „дивата“ градба

    02.02.2026 во 15:17

    Трендафилов: Денеска паднаа маските, Владата не дојде да потпише минималец од 600 евра

    02.02.2026 во 12:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.