Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пет тони марихуана од Македонија во Србија: Уапсен и газда на фирма од Скопје за медицински канабис

    Пет тони марихуана од Македонија во Србија: Уапсен и газда на фирма од Скопје за медицински канабис

    01.02.2026 во 12:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Српското обвинителство го посочи Иван Драгниќ како главна алка во транспортот. Тој е косопственик на компанија во Скопје регистрирана за производство на медицински канабис, но истрагата покажа дека наместо лекови, тој шверцувал марихуана вредна 50 милиони евра за улична продажба.

    Според српското Јавно обвинителство за организиран криминал, Драгниќ е клучен играч во оваа меѓународна група. Она што го прави случајот „индикативен“ за истражните органи е податокот дека Драгниќ е косопственик на компанија регистрирана во Скопско за легално производство и преработка на медицински канабис.

    Истрагата покажала дека криминалната група дејствувала на меѓународно ниво. Во текот на јануари оваа година, групата набавила над 5 тони марихуана на територијата на Македонија. Според планот на организаторот, токму Драгниќ бил задолжен за транспортот на дрогата преку границата. Тој ја пренел стоката до магацин во сопственост на семејството Спасојевиќ во Србија. Од таму, третоосомничениот Урош Младеновски ја преземал дрогата за понатамошна дистрибуција и продажба.

    Покрај огромното количество дрога, чија вредност се проценува на фантастични 50 милиони евра, полицијата на 29 јануари во магацините пронашла и вистински арсенал оружје: четири автоматски пушки и еден рачен фрлач – „зоља“. Запленети се и над 1,5 милиони динари во готовина.

    Иако дел од групата е зад решетки, наводниот организатор Александар Мијајловиќ успеал да побегне. Српските власти веќе поднесоа предлог за распишување на меѓународна потерница по него. Осомничените кои се приведени, за време на сослушувањето во обвинителството се бранеле со молчење.

    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.