Close Menu
Press24
    Најново

    Приведена популарна турска актерка

    11.06.2026 во 11:17

    Судење за трагедијата во „Пулс“: Фокус на Рубикон и обезбедувањето на објектот

    11.06.2026 во 11:16

    Викенд временска прогноза – Утре невреме, во сабота и недела повторно промена

    11.06.2026 во 11:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведена популарна турска актерка
    • Судење за трагедијата во „Пулс“: Фокус на Рубикон и обезбедувањето на објектот
    • Викенд временска прогноза – Утре невреме, во сабота и недела повторно промена
    • Хорор во регионот: Екплодирала бомба фрлена во контејнер додека работниците го празнеле
    • Урагански ветер и град во Словенија: Над 400 противпожарни интервенции, поплавени училишта и куќи
    • ВРЕДИ: ДУИ ја призна вината за Правосудниот испит
    • Една земја воведува ригорозен закон: Се забрануваат социјалните мрежи за млади под 16 години
    • Воена ескалација: Иран нападна 18 американски воени цели и го блокираше Ормутскиот теснец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за минималната плата: Нека се договорат работниците и газдите, Владата е само посредник

    Мицкоски за минималната плата: Нека се договорат работниците и газдите, Владата е само посредник

    31.01.2026 во 13:061 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Прашањето за висината на минималната плата треба да се реши преку директен дијалог помеѓу работниците и работодавачите, а Владата во тој процес може да има само улога на посредник. Ова е ставот што денеска од Тетово го изнесе премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги барањата на синдикатите.

    „Нашиот став е јасен, работниците и работодавачите се тие кои што во бипартитен дијалог треба да најдат решение за минималната плата. Владата, во рамките на Економско-социјалниот совет, е само фасилитатор“, изјави Мицкоски.

    Во однос на вработените во јавниот сектор, каде Владата се јавува како работодавач, премиерот потсети дека за најголемиот дел прашањата се веќе регулирани. За преостанатите 7.700 до 7.800 административни службеници, тој истакна дека понудата е веќе на маса.

    „Нашиот предлог предвидува дека за две години и два месеца од денеска, вработените во државната администрација ќе имаат примања повисоки за минимум 40 проценти. Доколку синдикатите се согласат, подготвени сме да ја прифатиме уште утре“, порача Мицкоски.

    Изјавата доаѓа по големиот протест на ССМ одржан неделава, каде се бараше минимална плата од 600 евра, наспроти сегашните 400 евра.

    Прочитај повеќе

    Судење за трагедијата во „Пулс“: Фокус на Рубикон и обезбедувањето на објектот

    11.06.2026 во 11:16

    Викенд временска прогноза – Утре невреме, во сабота и недела повторно промена

    11.06.2026 во 11:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.