Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

    18.03.2026 во 18:31

    Алиу: Соработка сo ФИНКИ при УКЛО за подобро едуцирани кадри, иновативни решенија и поефикасен здравствен систем

    18.03.2026 во 18:24

    Остра порака од Трамп: САД би можеле да ја препуштат безбедноста на Ормускиот Теснец на другите нации

    18.03.2026 во 18:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ
    • Алиу: Соработка сo ФИНКИ при УКЛО за подобро едуцирани кадри, иновативни решенија и поефикасен здравствен систем
    • Остра порака од Трамп: САД би можеле да ја препуштат безбедноста на Ормускиот Теснец на другите нации
    • Белата куќа потврди: Кина се согласи за одложување на посетата на Трамп на Пекинг
    • НАТО на нозе: Се подготвува план за заштита на Ормускиот Теснец
    • Трагедија на Алпите: Падна гондола во Швајцарија, има загинати и повредени
    • Шведска безбедносна служба: Најголеми закани за Стокхолм се Русија, Кина и Иран
    • Минчев на средба со амбасадорот на Црна Гора
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од утре нема опомени: „Сејф сити“ почнува да казнува во Скопје, Тетово и Куманово

    Од утре нема опомени: „Сејф сити“ почнува да казнува во Скопје, Тетово и Куманово

    31.01.2026 во 10:131 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Периодот на опомени заврши. Од утре (1 февруари) системот „Сејф сити“ („Safe City“) и официјално започнува со изрекување на парични казни за сообраќајни прекршоци во Скопје, Тетово и Куманово.

    Откако од 1 јануари системот функционираше пробно и се испраќаа само опомени, од утре камерите ќе регистрираат и ќе санкционираат низа прекршоци: возење побрзо од дозволеното, поминување на црвено светло, непрописно паркирање, како и управување со нерегистрирано возило или истечена возачка дозвола.

    Колку ќе чинат казните?

    • Брзина: За пречекорување на брзината казните се движат од 15 до 300 евра.
    • Црвено светло: За поминување на црвено, глобата е до 250 евра, но следи и одземање на возачката дозвола од 3 до 12 месеци.
    • Паркирање: За непрописно паркирање ќе се плаќа од 25 до 180 евра.
    • Регистрација: Највисоката казна е предвидена за нерегистрирано возило – 500 евра.
    • Возачка дозвола: Ако дозволата е истечена до 30 дена, казната е 100 евра.

    За сите прекршоци важи правилото: доколку казната се плати во рок од осум дена, сумата се намалува на половина. Инаку, законските одредби за „Безбеден град“ веќе се најдоа пред Уставниот суд, до каде се пристигнати три иницијативи за нивно оспорување, но додека судот не одлучи поинаку, системот продолжува со работа.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре

    18.03.2026 во 09:17

    Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани

    18.03.2026 во 10:41

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.