Close Menu
Press24
    Најново

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос

    Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос

    30.01.2026 во 19:15Updated:30.01.2026 во 19:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Глобалната ноќна економија учествува со околу 3 % од светскиот БДП и вработува едно од десет лица, покажува новиот извештај на Night Time Foundation, претставен во Давос.

    Резимето на Глобалниот извештај за ноќната економија 2026 година е објавено на македонски јазик од платформата Терапија.мк, која го пренесува овој значаен документ до домашната јавност, отворајќи простор за поширока дебата за улогата на културата, урбаниот живот и економијата по зајдисонце.

    Според клучните наоди, околу 3 % од глобалниот бруто-домашен производ е директно поврзан со ноќната економија, со проценето годишно влијание од 3 до 4 трилиони долари. Дополнително, едно од десет лица во светот работи во овој сектор, без во оваа бројка да се вклучат секундарните и индиректните работни места кои зависат од него. Овие податоци јасно укажуваат дека ноќната економија не е маргинален културен феномен, туку суштински дел од современите економии.

    Извештајот, изработен од Night Time Foundation, беше меѓународно лансиран на World Economic Forum и претставува прв обид за систематско и сеопфатно мапирање на ноќната економија на глобално ниво. Документот, познат како NTER (Night Time Economy Report), обединува над 300 релевантни студии од различни земји и сектори, создавајќи основа за политики, урбано планирање и културен развој.

    Во извештајот се нагласува дека ноќната економија опфаќа широк спектар активности – од музика, клубска и фестивалска култура, до угостителство, транспорт, туризам, безбедност и креативни индустрии. Истовремено, се посочува дека градовите кои стратешки инвестираат во овој сегмент бележат поголема социјална кохезија, културна динамика и економска отпорност.

    Како платформа која со години го следи и поддржува развојот на клубската култура, независната сцена и урбаната креативност, Терапија.мк оценува дека овие податоци се исклучително релевантни и за македонскиот контекст. Поддршката на културата што се развива „одоздола нагоре“, како и препознавањето на заедницата како двигател на урбаниот идентитет, се клучни за одржлив развој на градовите, вклучително и во Македонија.

    Извештајот отвора прашања за тоа како институциите, локалните власти и културните актери можат подобро да ја разберат и интегрираат ноќната економија во јавните политики, не само како економски ресурс, туку и како простор за културна размена, социјална инклузија и современ урбан живот.

    Целиот извештај може да се погледне на следниот линк.

    Прочитај повеќе

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.