Close Menu
Press24
    Најново

    Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец

    10.06.2026 во 16:11

    Апсења во Скопје

    10.06.2026 во 16:05

    Почината жена пронајдена во стан во Аеродром, телото е предадено на обдукција

    10.06.2026 во 15:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец
    • Апсења во Скопје
    • Почината жена пронајдена во стан во Аеродром, телото е предадено на обдукција
    • Невреме со град го погоди Мариово, поројни врнежи и грмежи во прилепско и кратовско
    • Татко си ги тепал ќерките, сопругот на нападнал сопругата – Две лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
    • Голема акција на МВР: Лишени од слобода 23 возачи, меѓу нив и малолетници
    • Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево
    • Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хоџа-Дрекслер: Поддршката на Германија за енергетската транзиција и Зелената агенда на Балканот е клучен столб за модерен, декарбонизиран и отпорен енергетски систем

    Хоџа-Дрекслер: Поддршката на Германија за енергетската транзиција и Зелената агенда на Балканот е клучен столб за модерен, декарбонизиран и отпорен енергетски систем

    30.01.2026 во 16:121 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска на работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, изрази искрена благодарност за континуираната и силна поддршка на Германија во спроведувањето на Зелената агенда на Западен Балкан.

    Министерот Хоџа истакна дека, во време на сериозни глобални предизвици, особено енергетската криза и климатските промени, оваа поддршка е клучен столб за заштита на ранливите категории на население, стабилизација на енергетскиот сектор и забрзување на транзицијата кон модерен, декарбонизиран и отпорен енергетски систем, во корист на граѓаните на Западен Балкан и Европа.

    Министерот Хоџа истакна дека ги поздравува напорите на Германија  за поддржување на енергетската транзиција во регионот, преку тесна соработка со Европската комисија и европските финансиски институции, со цел зајакнување на инвестициите во чиста и одржлива енергија.

    Таа посветеност беше дополнително потврдена на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана, со потпишување на Заедничката декларација за намера за Регионално климатско партнерство меѓу лидерите на шесте земји од Западен Балкан и Германија.

    Прочитај повеќе

    Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец

    10.06.2026 во 16:11

    Апсења во Скопје

    10.06.2026 во 16:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.