Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија и Австралија ги здружуваат силите: Потпишан Меморандум за борба против транснационалниот криминал

    Македонија и Австралија ги здружуваат силите: Потпишан Меморандум за борба против транснационалниот криминал

    30.01.2026 во 11:301 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи и Сојузната полиција на Комонвелтот на Австралија го зајакнаа билатералниот дијалог и професионалната соработка со потпишување на Меморандум за разбирање за борба против транснационалниот криминал и за развивање на полициска соработка.

    Меморандумот има за цел зајакнување на билатералната соработка преку споделување информации, спроведување координирани полициски операции, како и преку соработка во областа на градење капацитети и професионален развој. Посебен акцент се става на справување со сложените форми на транснационален криминал, вклучително и тероризмот, нелегалната трговија со дрога, трговијата со луѓе, кибер криминалот, перењето пари, транснационалниот економски криминал, недозволената трговија со оружје и други приоритетни криминални закани од заемен интерес.

    Меморандумот е договорен со цел да ја продлабочи соработката помеѓу двете полициски служби, со почитување на националните законодавства и меѓународните обврски на двете држави. Истиот претставува значаен чекор кон зајакнување на институционалните врски, ефективно справување со сложените форми на криминал и обезбедување повисоко ниво на безбедност за граѓаните на двете земји.

    Меморандумот се надоврзува на претходните форми на соработка и поттикнува уште поинтензивен дијалог и размена на искуства меѓу министерството за внатрешни работи и Сојузната полиција на Комонвелтот на Австралија.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.