Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Имаме чувство дека Мицкоски ги поставува обвинителите и јавно им дели задачи

    СДСМ: Имаме чувство дека Мицкоски ги поставува обвинителите и јавно им дели задачи

    30.01.2026 во 09:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Имаме чувство дека Мицкоски ги поставува обвинителите и јавно им дели задачи, велат од СДСМ.

    „Вчерашното излагање во Собранието може да се разбере како притисок врз Обвинителството, што е за секоја осуда, но, ако се има предвид кој го смени обивнителот и кој сака обвинител под своја контрола сѐ е јасно.

    Со промена на обвинителот и планираниот избор на обвинител под своја контрола, власта го погреба правосудниот систем за да се спаси од одговорност за криминалните тендери, но и да им дели задачи што и како да работат. 

    Ова е дел од планираното сценарио во рамки на црната кампања на ВМРО и обидот за линч на претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку измислен рекет. 

    За ниту една бомба, за ниту еден скандал што го објави СДСМ за криминалните тендери на ВМРО-ЗНАМ нема реакција на Обвинителството. 

    Не допира гласот до Обинителството за 161 тендер за една фирма на другарот на Мицкоски, за 51 тендер преку општините само за една фирма блиска до ВМРО, не допира гласот за скандалот со 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, за 1,2 милиони евра во Пошта за фирмата блиска до ЗНАМ.

    Нема допрен глас за овие скандали. Не само по допрен глас, никаква реакција нема од институциите. 

    Имаме чувство. Затоа и нема реформи во правосудството туку целосна контрола во канџите на ВМРО“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.