Close Menu
    Најново

    Ѓорѓиевски: За три месеци набавуваме 40 возила, претходната власт за осум години купи само четири

    29.01.2026 во 11:15

    Почина Костадинка Палазова: Македонската музичка сцена остана без доајенот на егејската песна

    29.01.2026 во 11:07

    Критично на Шар Планина: Прогласен висок степен на опасност од лавини, веќе е регистрирана првата појава

    29.01.2026 во 10:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Ѓорѓиевски: За три месеци набавуваме 40 возила, претходната власт за осум години купи само четири
    • Почина Костадинка Палазова: Македонската музичка сцена остана без доајенот на егејската песна
    • Критично на Шар Планина: Прогласен висок степен на опасност од лавини, веќе е регистрирана првата појава
    • (ФОТО) Герасимовски: Започна темелна трансформација на просторот на потегот во Градски Ѕид
    • Има ли опасност од вирусот Нипа во Македонија, Д-р Даниловски излезе со стручна анализа
    • Заврши периодот на опомени: 60 скопјани казнети за фрлање ѓубре по 22 часот
    • Милениците нема да се фрлаат во отпад: АХВ и ЗЕЛС договорија изградба на гробишта за животни
    • Ќе нема струја до 15 часот: Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Ѓорѓиевски: За три месеци набавуваме 40 возила, претходната власт за осум години купи само четири

    Ѓорѓиевски: За три месеци набавуваме 40 возила, претходната власт за осум години купи само четири

    29.01.2026 во 11:15
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Постапката се реализира преку Министерството за транспорт во соработка со Светска банка, а дополнително Град Скопје ќе обезбеди уште десет камиони од сопствени средства. Според Ѓорѓиевски, ова е суштински чекор кон трајно решавање на проблемот со отпадот во сите скопски населби.

    „Проблемот со отпадот кој со години ги мачеше скопјани, заминува во историјата. Градот ќе располага со доволен број современи возила за да ја покрие секоја населба и секоја улица навремено, организирано и достоинствено“, истакна градоначалникот.

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информираше за започнување на најобемната инвестиција во јавната чистота во изминатата деценија, со официјален почеток на постапката за набавка на повеќе од 40 нови, современи и специјализирани возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“. 

    Со оваа одлука, Град Скопје прави суштински исчекор кон трајно и системско решавање на проблемот со одржувањето на јавната чистота, подобрување на хигиенските услови и обезбедување достоинствено, организирано и ефикасно собирање на отпадот во сите скопски населби. 

    Проектот се реализира преку координирана соработка со Министерството за транспорт и Светската банка, а дополнително ќе биде поддржан и со сопствени средства на Град Скопје, што јасно ја потврдува силната институционална заложба за здрав, уреден и модерен град.

    Во прилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:

    Убава вест за Скопје – набавуваме повеќе од 40 возила за Комунална хигиена

    Почитувани скопјани,

    како што ветив кога ја барав вашата доверба, најдоброто за Скопје, доаѓа.

    Денес со огромна радост ве информирам дека официјално започна постапката за набавка на специјализирани возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“, кои ќе донесат ред и достоинство во нашиот град. Тендерската постапка која ја спроведува Министерството за транспорт во соработка со Светска банка е веќе распишана, а по завршување на сите правни процедури ќе започне и испораката на возилата.

    Покрај ова, денес на седницата на Советот на Град Скопје ќе биде усвоена и програмата за Комунална хигиена, со која градот обезбедува уште повеќе од десет нови камиони од сопствени средства.

    Ова значи дека во Скопје ќе пристигнат и ќе бидат ставени во функција повеќе од 40 нови, современи и специјализирани возила кои секојдневно ќе се грижат за чистотата низ целиот град.

    Ова, истовремено е и најголемата инвестиција во јавната чистота во последните десет години, што јасно говори за нашите силни заложби за доброто на граѓаните. 

    Само за споредба, ова се случува за помалку од три месеци откако сум градоначалник, споредбено со осум години во минатото, кога биле набавени само 4 возила. 

    И ова не е крај, набавката на нови возила за потребите на претпријатието продолжува во континуитет.

    Проблемот со отпадот кој со години ги мачеше скопјани, заминува во историјата. 

    Градот ќе располага со доволен број современи возила за да ја покрие секоја населба и секоја улица навремено, организирано и достоинствено, затоа што чист град значи здрав град, а здрав град – подобар живот за сите.

    Искрено и од срце сакам да се заблагодарам на премиерот Христијан Мицкоски и на министерот Александар Николоски за нивната силна поддршка и вистинска грижа за граѓаните.

    Почитувани скопјани, заедно ги испишуваме новите страници од убавата историја на градот. 

    Повеќе нема да се прашуваме дали можеме подобро.

    Тоа подобро, реално ќе го живееме!

    Популарно

    Телма: Запрена истрагата за 6 полицајци осомничени за пожарот во Пулс за дело „предизвикување општа опасност“

    28.01.2026 во 21:18

    Мицкоски и Муцунски ги отворија вратите за светските гиганти како „Филипс“

    27.01.2026 во 13:19

    Дневен хороскоп: Овните да одморат, Водолиите ќе бидат во центарот на вниманието, Раковите ќе почувствуваат емоционално олеснување

    29.01.2026 во 09:40

    Три знаци ќе се збогатат следниот месец

    28.01.2026 во 23:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.