Close Menu
    Најново

    Петрушевски: ССМ водат политика и прават неосновани протести

    28.01.2026 во 19:35

    Бојковска: За новиот Кривичен законик веќе има нацрт-верзија, ќе биде донесен до јуни

    28.01.2026 во 19:18

    Мелони од хеликоптер ги виде ужасите во Нишеми: „Куќите на работ на провалијата се веќе ненаселиви“

    28.01.2026 во 19:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Петрушевски: ССМ водат политика и прават неосновани протести
    • Бојковска: За новиот Кривичен законик веќе има нацрт-верзија, ќе биде донесен до јуни
    • Мелони од хеликоптер ги виде ужасите во Нишеми: „Куќите на работ на провалијата се веќе ненаселиви“
    • Без медиумски спектакл: САД и Данска седнаа на маса за судбината на Гренланд
    • Актерката ја откри тајната на својот 40-годишен брак: Едноставно се сакаме и вложуваме многу труд во тоа
    • Макрон пресече: Гренланд не е на продажба
    • Трамп ја уценува Украина: Безбедносните гаранции се доведени во прашање
    • 8 училишта и градинки во Ѓорче Петров добиваат енергетски ефикасни системи за загревање
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Петрушевски: ССМ водат политика и прават неосновани протести

    Петрушевски: ССМ водат политика и прават неосновани протести

    28.01.2026 во 19:35
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    „Синдикатот одби 40% зголемување на платите во рок од 2 години, нешто коешто беше понудено од Владата, нешто коешто го изјави јавно и премиерот. Зошто? Затоа што нивната борба не е за повисоки плати, нивната борба е да наштетат на Владата. И тоа граѓаните мора да го знаат. Ова раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија, не се бори за поголеми плати на работниците, туку напротив, игра политичка улога под палката на СДС за да и наштети на Владата“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

    Пратеникот Петрушевски посочи дека ССМ не го поздравил досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа и нагласи дека  протестот којшто се одржа од страна на ССМ не е затоа  што нивен приоритет се работниците, работничките права и работничките плати, туку дека нивен приоритет е политиката.

    „Владата е медијатор, го има оформено Економско-социјален совет, разговара со синдикатите, разговара со работодавачите, меѓутоа конечниот договор, согласно закон, согласно досега воспоставена пракса мора да биде постигната помеѓу работодавачите и синдикатите. Меѓутоа, ССМ кој што денес протестира, наместо да преговара, наместо да разговара со работодавачите, наместо да ги пофали оние зголемувања на плати коишто досега се постигнати во здравство, образование итн., и да си ја работи работата за којашто всушност постои, ССМ водат политика и прават неосновани протести, претходно одбивајќи 40% зголемување на платите“, дециден е Петрушевски.

    Популарно

    Мицкоски и Муцунски ги отворија вратите за светските гиганти како „Филипс“

    27.01.2026 во 13:19

    Се изрезили пред Собранието па Вреди ја повлече кандидатурата

    28.01.2026 во 11:57

    Путин ми ја прати сликава, убава е – ја закачив во Белата Куќа

    28.01.2026 во 11:25

    Драма во Богданци: Синот ги „украл“ податоците на мајка си за да ја стави на советничка листа

    28.01.2026 во 13:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.