Close Menu
    Најново

    Филипче: Власта ја изолира државата со антиевропски манири и сомнителен капитал

    28.01.2026 во 14:57

    Дури 71% од Македонците се „за“ влез во Унијата, Рокас бара внатрешно обединување

    28.01.2026 во 14:39

    Тошковски и Кочиу договорија: „One Stop“ систем со Албанија пред почетокот на летото

    28.01.2026 во 14:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Филипче: Власта ја изолира државата со антиевропски манири и сомнителен капитал
    • Дури 71% од Македонците се „за“ влез во Унијата, Рокас бара внатрешно обединување
    • Тошковски и Кочиу договорија: „One Stop“ систем со Албанија пред почетокот на летото
    • Филмска кражба во Штип: Жена со тешки повреди заврши во болница
    • УХМР со најнова прогноза – до крајот на неделата дожд и снег
    • Хорор во пехчевско: Млад „дивокрадец“ се заканувал на полицајци и се обидел да ги запали дрвата за да ги сокрие доказите
    • Сообраќајка кај преминот Блаце: Косовско возило удри во паркиран автомобил, повреден младиот кумановец
    • Жена се бори за живот по удар од возило во Гостивар
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Филипче: Власта ја изолира државата со антиевропски манири и сомнителен капитал

    Филипче: Власта ја изолира државата со антиевропски манири и сомнителен капитал

    28.01.2026 во 14:57
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во денешното обраќање во Собранието,  на настанот „Анализа на јавното мислење за процесот на пристапување на Северна Македонија кон ЕУ во 2025 година”, наведе неколку причини кои упатуваат на тоа дека власта има антиевропски манири, кои се загрижувачки и државата ја ставаат во фаза на  стагнација и изолација.

    „Влошувањето на односите со соседите не е во духот на пристапувањето кон Европа. Не може да се каже го решивме, го вративме старото име и да се влошуваат односите со соседна Грција, кога тоа не е така. Што е целта? Да се привлечат симпатии кај некои гласачи, коишто тоа навистина го очекуваа тоа врз основа на ветувањата на оваа власт во очи кампањата во 2024 година? Или континуираното влошување на односите со непримерни изјави со Бугарија? Не е тоа во духот на Европа“, рече Филипче.

    Во обраќањето Филипче додаде дека не е во духот на Европа внесувањето на сомнителен капитал од Србија.

    „Не го кажувам јас српскиот свет, го кажа Извештајот на Европскиот парламент. Не може да се дозволува без контрола да се носи капитал којшто бил одбиен од Европска унија. Се поставува прашањето зошто се отвораат врати на таков сомнителен капитал во земјава? Не може и не е во духот на европските манири да се носи резолуција во Собрането во која што се забранува слобода на говор, да внимава опозицијата што зборува“, рече Филипче.

    Како што кажа Филипче, сериозно загрижуваат и изјавите од власта во однос на одлуката за електронската евиденција за влез во ЕУ,  коишто го подгреваат антиевропскиот наратив.

    „Од лани е таа одлука. Не може сега вие да кажете, Европа е крива. Не може се нас нешто учителката да не мрази.Ние знаеме што ќе биде, ама на нас е кај сакаме да бидеме и кон што сакаме да одиме и да се движиме. Нема префрлање на одговорностите. Власта значи пред сѐ одговорност. Се знае кои се обврските„, рече Филипче.

    Во обраќањето, Филипче предупреди дека нема поместување ниту во доследно исполнување на реформската агенда.

    „Повторно е тоа несработување на домашната задача. Еве два конкретни примери, за да знае јавноста дека не е проблем желбата и иницијативата од страна на опозицијата да се работи вистински на реформската агенда. Законот за енергетика, којшто зеднички го поднесовме со заеднички амандмани, за да во последен момент последниот амандман биде донесен спротивно на препораките на Европската Унија. Не може да гласаме за таков закон кој што треба да биде само про-форма дел од европската агенда или законот за Судски совет каде не се во целост имплементирани препораките од Оценската мисија. Не може да се маскираат работите“, рече Филипче, додавајќи дека граѓаните веќе стануваат сè посвесни за тоа што треба да се направи и како регионот оди напред.

    Претседателот Филипче ги посочи последните податоци од истражувањето кои покажуваат дека кај поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува поддршката за пристапување во ЕУ.

    „Еден многу добар податок што мислам дека значи многу, а тоа е тоа што гласачи на ВМРО-ДПМНЕ изминативе две години, и тоа е најсигнификантна разлика, имаат поддршка кон пристапувањето на земјава кон Европската Унија. Тоа е многу добар податок. Гледаме дека континуирано е тоа кај поддржувачите на СДСМ. Така да сметам дека тоа мора да се издвои. Лошата работа во тоа е што премиерот Мицкоски не е во тие луѓе.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Популарно

    Мицкоски и Муцунски ги отворија вратите за светските гиганти како „Филипс“

    27.01.2026 во 13:19

    Се изрезили пред Собранието па Вреди ја повлече кандидатурата

    28.01.2026 во 11:57

    Путин ми ја прати сликава, убава е – ја закачив во Белата Куќа

    28.01.2026 во 11:25

    Драма во Богданци: Синот ги „украл“ податоците на мајка си за да ја стави на советничка листа

    28.01.2026 во 13:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.