Close Menu
Press24
    Најново

    Стефковски сподели добри вести на Фејсбук: Решаваме долгогодишен проблем

    10.07.2026 во 11:15

    СДСМ: Владата се фали со статистика додека граѓаните имаат поскап живот и ниски плати

    10.07.2026 во 10:59

    Водовод со важно соопштение за недела: Неколку општини ќе бидат без вода

    10.07.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стефковски сподели добри вести на Фејсбук: Решаваме долгогодишен проблем
    • СДСМ: Владата се фали со статистика додека граѓаните имаат поскап живот и ниски плати
    • Водовод со важно соопштение за недела: Неколку општини ќе бидат без вода
    • Нови правила за лизинг: Поголема заштита за корисниците и построги услови за компаниите
    • ФОТО: Претрес во Скопје – Полицијата уапси две лица
    • ФОТО: Најдена опасна граната тешка околу 45 килограми – Сложена акција кај Неготино
    • 120 деца опфатени со летната програма за згрижување во Општина Центар
    • ФОТО: „Да не му галамат децата под прозор“ – Детско игралиште во Кисела Вода полеано со уље
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хаос во САД: Најмалку 51 жртва во зимското невреме, стотици илјади семејства без струја

    Хаос во САД: Најмалку 51 жртва во зимското невреме, стотици илјади семејства без струја

    28.01.2026 во 10:461 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силната зимска бура што го зафати источниот дел на САД однесе најмалку 51 човечки живот. Здравствените власти информираат дека најчестите причини за смртност се хипотермијата и срцевите удари предизвикани при чистење на големите наноси од снег.

    Најкритична е состојбата во Њујорк, каде на отворено се пронајдени десет безживотни тела, додека во Лујзијана, Тенеси и Кентаки се потврдени осум смртни случаи од смрзнување. Трагични вести доаѓаат и од болницата во Тенеси, каде 46 деца се хоспитализирани поради труење со јаглероден моноксид, откако нивните семејства се обидувале да се затоплат во услови на прекин на електричната енергија.

    Екстремните временски услови предизвикаа колапс во сообраќајот и енергетскиот систем:

    • Снежната покривка достигна до 51 сантиметар;
    • Над 500.000 домаќинства се без напојување со струја;
    • Откажани се повеќе од 9.000 летови, а најпогодени се аеродромите во Далас, Бостон и Њујорк.

    Во Лујзијана и Мисисипи веќе е распоредена Националната гарда за помош при чистење на снегот. Метеоролозите предупредуваат дека екстремниот студ ќе трае до 1 февруари, а викендов се очекува нов бран кој би можел да погоди околу 80 проценти од американското население.

    Прочитај повеќе

    Зеленски: Украина се договори на политичко ниво со САД за производство на ракети „Патриот“ на нејзина територија

    09.07.2026 во 22:13

    Топлотниот бран во Германија поврзан со повеќе од 5.000 смртни случаи

    09.07.2026 во 17:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.