Close Menu
Press24
    Најново

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49

    Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите

    07.07.2026 во 21:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром
    • Камбовски: Правилникот за надосместоците на судиите-поротници е стар повеке од 15 години
    • Стојаноски: Ќе прифатиме се што ќе договорат опозициските партии, ако биде прифатен нашиот став – дијаспората да може да гласа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата откри скриено оружје во трактори и домови, приведени четворица велешани

    Полицијата откри скриено оружје во трактори и домови, приведени четворица велешани

    27.01.2026 во 13:151 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 25.01.2026 во 15:10 часот на место викано „Бреза“ во атар на село Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода З.С.(57), З.С.(27), М.С.(23) и М.Ј.(41), сите од село Бузалково. При преглед на трактор, управуван од 57-годишниот З.С., биле пронајдени и одземени ловечка пушка и три патрони. Исто така, извршен е и преглед на патничко возило „лада нива“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот З.С., а сопатници биле М.С. и М.Ј., при што се пронајдени и одземени 16 ловечки патрони и други предмети.

    На 26.01.2026, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, со судска наредба, извршија претрес во домот на 57- годишниот З.С., каде биле пронајдени и одземени резервна цевка за ловечка пушка и дозвола за оружје. Со судска наредба е извршен претрес и во домот на М.С., каде биле пронајдени и одземени дозвола за оружје на име О.С.(52) од село Бузалково, репетирачко долго огнено оружје „Mossberg“, полуавтоматско кусо огнено оружје „Zastava“, полуавтоматско долго оружје „Browing“, карабинска муниција, 188 парчиња пиштолска муниција, 68 парчиња ловечка муниција, потврда за пријавено оружје и пневматско оружје „Hatsan“. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Прочитај повеќе

    Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром

    07.07.2026 во 14:01

    Велешанка го избодела вонбрачниот партнер

    07.07.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.