Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Родители внимавајте: Се повлекува бебешка формула од 60 земји, починаа две бебиња

    Родители внимавајте: Се повлекува бебешка формула од 60 земји, починаа две бебиња

    27.01.2026 во 10:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Светот е во паника по одлуката на гигантот „Нестле“ да спроведе едно од најголемите повлекувања на бебешка формула во историјата. Француските власти истражуваат два смртни случаи на доенчиња кои го консумирале спорниот производ, додека во Белгија веќе е потврден случај на бебе кое се разболело од опасниот токсин цереулид, сооопшти „Еуроњуз“. .

    Проблемот потекнува од фабриката во Холандија, каде била користена состојка од кинески добавувач контаминирана со бактеријата Bacillus cereus. Повлекувањето опфаќа познати брендови како SMA, Beba, Guigoz и Alfamino. Иако кај нас сè уште нема официјална потврда за спорните серии, родителите се повикуваат на исклучителна претпазливост и проверка на сериските броеви на амбалажите.

    По масовното повлекување на бебешки формули во над 60 држави, здравствените власти алармираат за симптомите на труење со токсинот цереулид. Овој токсин е исклучително отпорен на топлина, а симптомите се појавуваат брзо – од 30 минути до три часа по консумирањето на млекото.

    Најчестите знаци се силно повраќање и водена дијареја, кои често наликуваат на обичен стомачен вирус, што може да ги завара родителите. Изворот на контаминација е откриен кај кинески добавувач на масло, а „Нестле“ веќе соработува со меѓународните институции за да се спречат дополнителни трагедии. Советот до сите родители кои користат формули на овој производител е веднаш да се консултираат со педијатар доколку забележат каква било промена кај своето дете.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.