Close Menu
    Најново

    Зајакната институционална координација: Меморандум за соработка меѓу ЦУК и ЦКРСМ 

    26.01.2026 во 12:57

    Стојаноски: Заеднички именител за Филипче и Ахмети е криминалот, сега во опозиција се здружени

    26.01.2026 во 12:49

    Почнува процесот: Две монтирани катни гаражи за Клинички центар

    26.01.2026 во 12:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Зајакната институционална координација: Меморандум за соработка меѓу ЦУК и ЦКРСМ 
    • Стојаноски: Заеднички именител за Филипче и Ахмети е криминалот, сега во опозиција се здружени
    • Почнува процесот: Две монтирани катни гаражи за Клинички центар
    • Филипче од Собрание: Не се спроведува реформската агенда ама буквално никако
    • Крилото на Села од АА го оспори Сејф сити пред Уставен суд: Што сака да крие Владата?
    • Снежна бура ja парализираше Америка: Прогласена вонредна состојба во 20 сојузни држави
    • Од понеделник Кисела Вода и „Паркови и зеленило“ стартуваат со голема еко-акција
    • Трагедија ја потресе Македонија: 24-годишно момче пронајдено мртво во неговиот дом
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Зајакната институционална координација: Меморандум за соработка меѓу ЦУК и ЦКРСМ 

    Зајакната институционална координација: Меморандум за соработка меѓу ЦУК и ЦКРСМ 

    26.01.2026 во 12:57
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Денес беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Центарот за управување со кризи и Црвениот крст на Република Северна Македонија, од страна на директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али, и генералниот секретар на Црвениот крст, г-дин Саит Саити.

    Со овој Меморандум се продлабочува институционалната соработка и се воспоставува цврста рамка за координирано, навремено и ефикасно дејствување во превенција, подготвеност и справување со кризни и вонредни состојби. Документот предвидува заедничко планирање, размена на информации и ресурси, организирање обуки и теренски вежби, како и развој на компатибилни системи за побрз и поефективен одговор при кризи.

    Посебен акцент се става на зајакнување на оперативните капацитети, унапредување на меѓусебната координација и подигање на јавната свест кај населението, вклучително и промоција на бројот за итни повици 112.

    Потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон градење посилен и поотпорен систем за управување со кризи, во служба на заштитата на животот и здравјето на граѓаните, материјалните добра и безбедноста на државата.

    Популарно

    Трагедија ја потресе Македонија: 24-годишно момче пронајдено мртво во неговиот дом

    26.01.2026 во 11:49

    Од полноќ нови цени на горивата

    26.01.2026 во 11:12

    Судијката ги искара родителите на загинатите во Пулс: Неколкупати се нарушува редот – без ред, нема судење

    26.01.2026 во 11:18

    Студ оваа зима веќе нема да има – какво време не чека во наредните недели

    26.01.2026 во 10:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.