Close Menu
Press24
    Најново

    Финска девет години последователно најсреќна држава во светот

    19.03.2026 во 23:41

    Мисајловски: Секоја членка на НАТО мора сè повеќе и повеќе да вложува во модернизација одбраната 

    19.03.2026 во 23:08

    Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблеми

    19.03.2026 во 22:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Финска девет години последователно најсреќна држава во светот
    • Мисајловски: Секоја членка на НАТО мора сè повеќе и повеќе да вложува во модернизација одбраната 
    • Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблеми
    • Мисајловски за војната во Иран: Безбедносната ситуација кај нас е стабилна
    • За акцијата стигна потврда и од МВР: Се апси за коруптивни дела
    • Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените
    • ОЈО ГОКК се огласи по апсењето на актуелен директор
    • Фокус: Уапсен директор на Државен инспекторат – го фатиле со мито од 50.000 евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Куновска: Конгресот на СДСМ наликуваше на театар на апсурдот, полна сцена – без содржина

    Куновска: Конгресот на СДСМ наликуваше на театар на апсурдот, полна сцена – без содржина

    26.01.2026 во 10:343 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Конгресот на некогаш моќниот СДСМ во саботата на 24 јануари наликуваше најмалку на политички настан. Тоа беше изведба на една одамна напишана, слабо режирана и безброј пати репризирана претстава. Театар на апсурдот во кој сцената е полна, а смислата отсутна, пишува актерката Софија Куновска, поранешен висок функционер на СДСМ.

    -Првиот чин започна со монологот на „главниот лик”. Наместо автентичен политички говор, добивме хибридна конструкција, склопена од алгоритам и носталгија. Комбинација од вештачка интелигенција и механички пресликан говор на Бранко Црвенковски од 8 октомври 2009 година, од Универзалната сала, кога одекна прочуеното „Или си СДСМ или не си”. Денес, таа реплика беше изговорена како лошо синхронизиран “дубл” без страст, без уверување, како дигитално ехо од една одамна одиграна претстава.

    Во вториот чин, на сцената се појави хорот. Поранешен партиски функционер, во улога на сценски менаџер, по налог од режисерската кабина во Муртино, се погрижи уште на почетокот да продефилираат десетици „спонтани” говорници. Нивната задача беше едноставна: аплауз на команда, поддршка на сигнал, илузија на одушевување.

    Третиот чин го донесе врвот на апсурдот. „Главниот лик”, кој во координација со својот политички татко, човекот што на таен состанок на Бихаќка ја породи зачнатата идеја на неколку последователни средби на тајни локации со Мицковски, идејата за широка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ како наводен спас од длабока опозиција, сега излезе пред публиката и ги обвини критичарите на состојбите во СДСМ за соработка со ВМРО-ДПМНЕ.

    Обвинение изговорено без срам и без усул.

    Епилогот беше не само предвидлив, туку и очекуван. Овој Конгрес не беше катарза, туку уште една реприза на истата агонија. Наместо крај на поделбите, овој Конгрес на СДСМ го трасира нивното официјализирање. Наместо пресврт на една некогаш моќна политичка сила, овој највисок орган ќе послужи за да се одржи и натаму политичкиот стечај.

    Во очи на Конгресот кружеше и мит за некаков „голем бунт”, се подгреваше легенда за некакви митски авторитети кои, наводно, ќе ја преземеле сцената. Само за потсетување, тоа се оние исти ликови кои со години се гоштеваа и се напиваа од Муртинскиот бунар, луѓе кои никако не можат да бидат носители на драматичен пресврт, таков каков што навистина му е потребен на СДСМ.

    Најтрагичната улога, сепак, им припаѓа на искрените, чесни и добронамерни членови на партијата. Тие се заложници на сценарио во кое СДСМ мора да остане политички анестезиран сè додека во заднината не се одигра најважниот чин, измените на Кривичниот законик, скроени во Муртино, кои треба да обезбедат сигурна застареност за потенцијалните кривични прогони на клучни поранешни функционери.

    На крајот, Куновска предупредува дека по завршувањето на оваа политичка претстава, седиштето на партијата ќе остане како празна сала по завршен театарски чин – без публика, без енергија и без реална политичка функција.

    Популарно

    Финска девет години последователно најсреќна држава во светот

    19.03.2026 во 23:41

    Мисајловски: Секоја членка на НАТО мора сè повеќе и повеќе да вложува во модернизација одбраната 

    19.03.2026 во 23:08

    Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблеми

    19.03.2026 во 22:46

    Мисајловски за војната во Иран: Безбедносната ситуација кај нас е стабилна

    19.03.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.