Close Menu
Press24
    Најново

    Сијарто дециден: Унгарија нема да купува поскапа нафта само за да му угоди на Западот

    13.03.2026 во 23:50

    CNN: Иран се соочува со токсичен „коктел“ по нападите врз нафтените складишта

    13.03.2026 во 23:20

    Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда

    13.03.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сијарто дециден: Унгарија нема да купува поскапа нафта само за да му угоди на Западот
    • CNN: Иран се соочува со токсичен „коктел“ по нападите врз нафтените складишта
    • Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда
    • Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО
    • Вучиќ најави масовно вооружување: Србија купува нови ракети и воена опрема
    • САД подготвени за масовен удар: „Трамп ги држи сите карти во свои раце“, тврди Хегсет
    • Лов на „глави“: САД нудат 10 милиони долари за информации за Мојтаба Хамнеи
    • Нафтата „лета“ во небо: Цената на барелот надмина 102 долари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Немаше се за што да се фатите, па испративте соопштение за на Мицкоски часовниците – премиерот и Филипче се небо и земја

    ВМРО-ДПМНЕ: Немаше се за што да се фатите, па испративте соопштение за на Мицкоски часовниците – премиерот и Филипче се небо и земја

    26.01.2026 во 10:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СДС изгледа мислат дека имаат многу јака тема за соопштение, па се фатија за вредноста на часовниците на претседателот Мицкоски. Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот на енергетиката, нешто коешто тој самиот го има јавно говорено, каде што со познати светски фирми има соработувано и има добро заработено, реагираат утрово од ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ утрово дека Мицкоски носи најскапи часовници меѓу НАТО политичарите.

    Тоа е се до моментот пред да влезе во политиката, каде што престанува со било каков вид на бизниси и работење за приватни фирми. И што е најважно, се е чесно, транспарентно и до детал објаснето за неговите примања што ги имал.

    Од друга страна пак, го имаме Филипче и Заев, едниот хирург, другиот земјоделец од Муртино, кои пред да влезат во политиката се никој и ништо, а по нивното владеење или се уште активно појавување во политиката, се здобија со куќи во Нерези, станови и згради во Дубаи, акции во индиски авиокомпании, фирми во и надвор од државата со сомнителен капитал, подароци од фирмите што добивале тендери во вид на автомобили, проценти од тендери, договори и слично.

    Е ова е разликата помеѓу претседателот Мицкоски и Филипче и Заев. Тоа што овие двајца од СДС од голтари станаа милионери со помош на власта, а претседателот Мицкоски има заработено чесно и на лесно проверлив начин може да се види како заработувал.

    Пред СДС да каже повторно нешто колку да каже, нека погледне во сопствениот двор.

    П.С. Ако имаат сомнеж за нешто незаконско, нека се обратат на судиите и обвинителите кои им слугуваат, нека проверат. Ете на оние истите што им помагале да ја откупат Жан Митрев, возвраќаат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    Петок со сонце и пролетни температури – Од утре лош пресврт со времето

    13.03.2026 во 08:04

    Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда

    13.03.2026 во 23:01

    Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО

    13.03.2026 во 22:53

    Тејлор Свифт на седмо место меѓу најбогатите славни личности

    13.03.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.