Close Menu
Press24
    Најново

    Петир: Македонија не бара привилегии, туку фер третман, eвропската иднина не смее да биде заложник на билатерални спорови

    27.10.2026 во 19:47

    Глобална дипломатска иницијатива: Русија и Кина подготвени да го поддржат Виктор Орбан за шеф на ОН

    27.10.2026 во 19:29

    Загреб: Баба (88) фрлала тегли кон полицаец и гризнала полицајка

    27.10.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петир: Македонија не бара привилегии, туку фер третман, eвропската иднина не смее да биде заложник на билатерални спорови
    • Глобална дипломатска иницијатива: Русија и Кина подготвени да го поддржат Виктор Орбан за шеф на ОН
    • Загреб: Баба (88) фрлала тегли кон полицаец и гризнала полицајка
    • Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа 
    • Николова: Со вториот ребаланс власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови 
    • Лавров: Русија не гледа суштинска промена во ставот на европските земји кон конфликтот во Украина
    • Неочекувана понуда од Кремљ: Путин му гарантира целосна безбедност на Зеленски доколку ја посети Москва
    • Петмина повредени во сообраќајна несреќа во Струмица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МОН: Честит Меѓународен ден на образованието

    МОН: Честит Меѓународен ден на образованието

    24.01.2026 во 10:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Образованието е еден од врвните приоритети на Владата. Без квалитетно образование не можеме како општество да се развиваме и како држава да јакнеме. Затоа ги зголемуваме средствата кои ги вложуваме во нови училишта и спортски сали, во опрема и технички помагала, во дигитализација и можности за искористување на современи технологии во наставата, велат од МОН преку писмено соопштение испратено до медиумите.

    Магијата навистина е во знаењето, посебно во време кога се зголемуваат глобалните предизвици. Најдобриот одговор е да се свртиме кон образованието и да укажеме дека секој може да придонесе тоа да биде поквалитетно, било како наставник, родител, општествено одговорна компанија или невладина организација. Со најголеми буџетски ресурси досега, Министерството за образование и наука е насочено кон развој на современи наставни програми, унапредување на инклузијата во основното и средното образование и воведување нови, поправични формули за финансирање на училиштата.

    Продолжувањето на времето поминато во училиште со целни активности, не само што ги подобрува образовните резултати туку влијае и на целокупниот развој на учениците. Наставниот кадар има сигурност, добива повисоки плати и има можности за професионален и кариерен развој како никогаш досега. Министерството за образование и наука го честита Меѓународниот ден на образованието – 24 Јануари, потсетувајќи дека образованието е основно човеково право а ние се стремиме што повеќе деца и млади тоа да го остварат на најдобар можен начин.

    Прочитај повеќе

    Петир: Македонија не бара привилегии, туку фер третман, eвропската иднина не смее да биде заложник на билатерални спорови

    27.10.2026 во 19:47

    Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа 

    27.10.2026 во 19:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.