Вчера околу 09:00 часот во атар на с.Град, делчевско, кај место викано „Трендафилово“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток забележале две лица, од кои едното носело ловечка пушка.
Лицето кое носело пушка се дало во бегство, но набргу, по преземени мерки, е пронајдено и лишено од слобода. Констатирано е дека се работи за Т.С.(48) од с.Град. Во негова близина е пронајдена и одземена ловечка пушка „орозарка“ за која е утврдено дека била во сопственост на неговиот починат дедо.
Известен е јавен обвинител, а лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 и 228 од Кривичниот законик.
- Која е сопругата на Лионел Меси? Таа се откажа од факултет поради него, а денес е ѕвезда
- 72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга
- 19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож
- Пет лица приведени по осум пријави за семејно насилство во едно деноноќие
- Три лица приведени на фудбалски натпревaр
- Грците воведуваат посебни мерки поради отровните зајачки риби
- Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје
- Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред

