Close Menu
Press24
    Најново

    Сијарто дециден: Унгарија нема да купува поскапа нафта само за да му угоди на Западот

    13.03.2026 во 23:50

    CNN: Иран се соочува со токсичен „коктел“ по нападите врз нафтените складишта

    13.03.2026 во 23:20

    Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда

    13.03.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сијарто дециден: Унгарија нема да купува поскапа нафта само за да му угоди на Западот
    • CNN: Иран се соочува со токсичен „коктел“ по нападите врз нафтените складишта
    • Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда
    • Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО
    • Вучиќ најави масовно вооружување: Србија купува нови ракети и воена опрема
    • САД подготвени за масовен удар: „Трамп ги држи сите карти во свои раце“, тврди Хегсет
    • Лов на „глави“: САД нудат 10 милиони долари за информации за Мојтаба Хамнеи
    • Нафтата „лета“ во небо: Цената на барелот надмина 102 долари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Заѕиданите 350.000 евра биле од земјоделие, тврди одбраната: Обвинителството на брифинг откри нови детали за судијата Ѓоко Ристов

    Заѕиданите 350.000 евра биле од земјоделие, тврди одбраната: Обвинителството на брифинг откри нови детали за судијата Ѓоко Ристов

    21.01.2026 во 14:463 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Парите биле на родителите, спечалени макотрпно од земјоделие, пред сè од лозје. Со ваква одбрана, адвокатите на апелацискиот судија Ѓоко Ристов се обиделе да го оправдаат пронаоѓањето на 350.000 евра, заѕидани зад кујнските плочки во родителската куќа во Неготино.

    Сепак, приказната за лозјето не беше доволно уверлива ниту за Обвинителството, ниту за Судот, поради што на судијата му е одредена мерка куќен притвор. Иако во оваа фаза обвинителството не може директно да ги поврзе запленетите банкноти со конкретен предмет што го судел Ристов, обвинителката Искра Хаџивасилева на брифинг со новинарите откри детали за тоа како течела деветмесечната истрага.

    Парите паѓале од ѕидот при вториот претрес

    Сумата од 350.000 евра, спакувана главно во банкноти од 500 и 200 евра, не била пронајдена веднаш. Биле потребни два обиди. При првичните претреси на три локации, истражителите налетале само на празен бетонски бункер. Вториот пат, истрагата била попрецизна. Иако родителите негирале дека скоро реновирале, полицијата забележала сомнителни детали во кујната.

    „Забележани се различни плочки кои биле искршени. При мало кршење се појави дупка, дупката се прошири на десно, почнаа да паѓаат пари“, сликовито објасни обвинителната Хаџивасилева.

    Таа појасни дека во овој случај, квалификацијата „перење пари“ не се однесува на класично пуштање во промет на нелегални средства, туку на делот од Кривичниот законик кој опфаќа „криење пари“, одредба која во праксата поретко се применува. Потврдено е и дека Ристов поседувал непријавен имот.

    ФОТО: Press24

    „Мозаикот“ се склопил преку Ѓаволот и Синџирот

    Истрагата траела речиси една година, а првичните индиции дошле преку службени белешки од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), но и од сведоци кои пријавувале дека судијата им барал мито. Сепак, клучниот момент за формирање на предметот е поврзан со случајот „Синџир“ и апсењето на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа.

    Сомнежот кај обвинителите се разбудил кога Љупчо Пецов – Ѓаволот, осомничен во „Синџир“, добил поблаги мерки.

    „Доаѓаат сведоци, кажуваат им се влијаело, па од предметите што се работат овде гледате дека навистина нешто се случува, па имате телефон што ќе ви се појави од некоја истрага, пример од некој затвореник, ќе го дадете во нашата лабораторија, ќе најдете интересни разговори меѓу затворениците… Не е само една дојава, туку се градеше мозаик околу 9 месеци“, рече Хаџивасилева.

    Таа додаде дека случајот со Пецов бил пресуден за да се исцртаат контурите на истрагата:

    „Контурите се исцртаа со истрагата против Љупчо Пецов-Ѓаволот, од предметот Синџир. Не било возможно да не влезе ни ден во притвор, туку одма да добие куќен притвор.“

    Интересен детал од брифингот е што ниту судијата Ристов, ниту правобранителот Стафа не биле следени со Посебни истражни мерки (ПИМ), односно истражните органи не ги прислушувале, туку случајот го граделе врз база на материјални докази и сведочења.

    Популарно

    Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда

    13.03.2026 во 23:01

    Тејлор Свифт на седмо место меѓу најбогатите славни личности

    13.03.2026 во 19:54

    Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО

    13.03.2026 во 22:53

    Во Македонија денеска измерени рекордни 20 степени

    13.03.2026 во 19:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.