Close Menu
    Најново

    Ваљбон Лимани официјално го започна мандатот како градоначалник на Гостивар

    20.01.2026 во 18:42

    Мицкоски од Давос: Македонија мора активно да се вклучи во глобалниот енергетски развој

    20.01.2026 во 18:36

    Падна одлука: 15 години затвор за поранешниот претседател на Украина

    20.01.2026 во 18:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Ваљбон Лимани официјално го започна мандатот како градоначалник на Гостивар
    • Мицкоски од Давос: Македонија мора активно да се вклучи во глобалниот енергетски развој
    • Падна одлука: 15 години затвор за поранешниот претседател на Украина
    • Јаревски: Владата активно работи за подобрување на стандардот на граѓаните 
    • Норвешка предупредува: Армијата може да конфискува куќи и возила во случај на војна
    • Од полноќ нови цени на горивата
    • Утре подгответе се за снег: Се очекува покривката да се зголеми до 25 сантиметри
    • Украински министри од Давос: Ни требаат 500 до 700 милијарди долари за Армијата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Ваљбон Лимани официјално го започна мандатот како градоначалник на Гостивар

    Ваљбон Лимани официјално го започна мандатот како градоначалник на Гостивар

    20.01.2026 во 18:42
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Ваљбон Лимани, новоизбраниот градоначалник на Општина Гостивар по повторените локални избори, од денеска официјално го започна својот четиригодишен мандат. На првиот работен ден во општината пристигна во придружба на потесното семејство – сопругата и трите ќерки.

    Лимани беше придружуван и од претседателот на Советот на Општина Гостивар, Валдет Џафери, сопартијци и негови доскорешни соработници. Пред влезот во општинската зграда, новиот градоначалник беше пречекан од вработените, кои му честитаа за изборот.

    Во обраќањето пред присутните, Лимани нагласи дека ќе продолжи со реализација на започнатите активности и со проектите што ги најави за време на изборната кампања. Тој истакна дека инфраструктурните работи ќе продолжат веднаш штом временските услови го дозволат тоа и потенцираше дека општината ќе биде отворена за сите граѓани.

    „Сакам да им се заблагодарам на сите гостиварци и на оние кои гласаа, но и на оние кои не гласаа за мене. Ги уверувам сите дека јас, Советот и претседавачот заедно ќе работиме со посветеност за доброто на Гостивар. Од денес општина Гостивар е отворена за секого“, рече Лимани.

    Тој најави дека започнатите проекти, меѓу кои проширувањето на булеварот „Браќа Ѓиноски“, изградбата на нов мост и реконструкциите на повеќе улици, ќе продолжат со реализација веднаш штом временските прилики дозволат работа на терен.

    Лимани се осврна и на изборниот процес, посочувајќи дека во Гостивар траел подолг период, речиси пет месеци.

    По потврдувањето на резултатите од Државната изборна комисија, Ваљбон Лимани освои 15.345 гласови, односно 64,5 проценти од излезените гласачи, а минатата недела му беше врачено уверението за градоначалник. На повторените избори негов противкандидат беше Невзат Бејта од коалицијата ВРЕДИ, кој доби 7.510 гласови.

    Во првиот круг од локалните избори Лимани не беше избран поради слаба излезност, по што гласањето беше повторено.

    Популарно

    Македонец падна на измамата со СМС пораките од „Пошта“: Му ја испразниле сметката со 90.000 денари

    17.01.2026 во 13:17

    Николоски за Водици: Охрид блесна со 20.000 посетители, честитки до најсреќниот фаќач на крстот

    19.01.2026 во 12:15

    МВР со детали за заѕиданите 350.000 евра: Ги криел во алумиумски ролни во кујна

    20.01.2026 во 16:28

    Советот на јавни обвинители пресече: ОЈО Скопје доби нов шеф

    20.01.2026 во 11:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.