Close Menu
    Најново

    Судски совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

    20.01.2026 во 14:44

    Вучиќ од Давос: Светот оди во „луда насока“

    20.01.2026 во 14:41

    Царинска „жетва“ на граничните премини: Запленети златни плочки, илјадници евра, накит и 60 литри ракија скриена во покрив на возило

    20.01.2026 во 14:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Судски совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов
    • Вучиќ од Давос: Светот оди во „луда насока“
    • Царинска „жетва“ на граничните премини: Запленети златни плочки, илјадници евра, накит и 60 литри ракија скриена во покрив на возило
    • Кривичен суд: Предлогот за куќен притвор на Ѓоко Ристов е примен, се чека одговор од Судскиот совет
    • Наточете со време: Од полноќ поскапуваат и дизелот и бензинот
    • Судијата Ристов сослушан во Обвинителство: Се бара куќен притвор
    • Минималната кошница „скокна“ за една илјадарка
    • На Детската клиника има 20-ина деца со грип
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Судски совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

    Судски совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

    20.01.2026 во 14:44
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Судскиот совет за денеска во 15:30 часот закажа 535-та итна седница со единствена точка на дневен ред: „Расправа и одлучување по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на предлог за куќен притвор“.

    Станува збор за судијата Ѓоко Ристов, за кого претходно денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) побара мерка куќен притвор и одземање на пасошот.

    Откако ОЈО ГОКК го сослуша Ристов и му ги предочи доказите, достави предлог до судија на претходна постапка за определување мерки за обезбедување присуство. Од Кривичниот суд претходно информираа дека судијата на претходна постапка го добил предлогот, но бидејќи се работи за судија кој ужива имунитет, постапката беше ставена во мирување додека не се произнесе Судскиот совет. 

    „Судијата веднаш достави известување до надлежниот Судски совет од каде се очекува одговор, по што ќе продолжи со постапување“, соопштија од Кривичен.

    Доколку попладнево Судскиот совет му го одземе имунитетот на Ристов, се отвора патот Кривичниот суд да донесе решение за негов куќен притвор.

    Во куќата на родителите на Ристов, истражителите најдоа 350.000 евра заѕидани во ѕид.

    Популарно

    Македонец падна на измамата со СМС пораките од „Пошта“: Му ја испразниле сметката со 90.000 денари

    17.01.2026 во 13:17

    Николоски за Водици: Охрид блесна со 20.000 посетители, честитки до најсреќниот фаќач на крстот

    19.01.2026 во 12:15

    Советот на јавни обвинители пресече: ОЈО Скопје доби нов шеф

    20.01.2026 во 11:49

    Студен бран: Минусни температури во цела држава, вечерва пристигнува нов снег

    20.01.2026 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.