Close Menu
Press24
    Најново

    Македонските аеродроми бележат историски рекорди, посочи Николоски

    04.08.2026 во 20:26

    Николоски: Секогаш сме спремни за избори

    04.08.2026 во 19:56

    Николоски: Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид ќе се пушти во следните месеци, целиот автопат готов до мај

    04.08.2026 во 19:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонските аеродроми бележат историски рекорди, посочи Николоски
    • Николоски: Секогаш сме спремни за избори
    • Николоски: Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид ќе се пушти во следните месеци, целиот автопат готов до мај
    • Поларен бран го парализираше Нов Зеланд: Затворени училишта, патишта и откажани фериботи
    • Во сабота е голем празник – заштитничката од разни несреќи
    • ЦУК со пресек до 18 часот: Избувнаа 14 пожари, активен е во скопско
    • Професорот Начевски: Македонија не смее да ја пропушти шансата што ја носаткритичните минерали
    • Оваа европска земја влезе во историјата поради топлината – измерена највисоката температура досега
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Доаѓа најстудената недела оваа зима – многу снег нема да видиме

    Доаѓа најстудената недела оваа зима – многу снег нема да видиме

    19.01.2026 во 10:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јануари ќе помине во променливо време, со комбинација од сончеви периоди, зголемена облачност и повремени врнежи од дожд и снег, покажуваат временските прогнози.

    Во првата половина од месецот ќе преовладува студено, но стабилно време, со сончеви и делумно облачни денови. Дневните температури ќе се движат од 3 до 10 степени, додека утринските ќе бидат значително пониски и на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, со појава на мраз. Се очекуваат и -10 степени во некои повисоки населени места што ќе биде најниска температура оваа зима

    Во втората половина на јануари се очекува зголемена облачност и нестабилност, со повремени врнежи. На пониските места врнежите ќе бидат од дожд, додека на планините и повисоките места ќе има услови за снег. Температурите во овој период ќе се движат од 6 до 12 степени, а ноќните ќе бидат околу или под нулата.

    Метеоролозите најавуваат дека и покрај повремените врнежи, не се очекуваат екстремни временски појави, но апелираат на внимателност поради можна појава на голомразица, особено во утринските и вечерните часови.

    Февруари ќе донесе типично зимско време, со студени утра, умерени дневни температури и повремени врнежи од дожд и снег, покажуваат временските прогнози.

    Во првата половина од месецот ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи, претежно од дожд, а на повисоките места и планините од снег. Дневните температури ќе се движат од 2 до 6 степени, додека утринските ќе бидат значително пониски и на повеќе места ќе се спуштаат до -7 степени, со појава на мраз.

    Во средината на февруари се очекува стабилизирање на временските услови, со повеќе сончеви периоди и умерени температури. Максималните дневни температури ќе достигнуваат од 7 до 8 степени, а минималните ќе се движат од -1 до -3 степени.

    Кон крајот на месецот следува постепено затоплување, со повеќе сончеви денови и значително повисоки дневни температури, кои на одделни места ќе достигнат и до 12–13 степени. Утринските температури и натаму ќе бидат ниски, но без поекстремни минуси.

    Метеоролозите предупредуваат на можна појава на голомразица, особено во утринските часови, како и на внимателност во сообраќајот во деновите со врнежи.

    Прочитај повеќе

    Македонските аеродроми бележат историски рекорди, посочи Николоски

    04.08.2026 во 20:26

    Николоски: Секогаш сме спремни за избори

    04.08.2026 во 19:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.