Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Стојаноски: Економијата расте шести квартал по ред

    04.03.2026 во 12:12

    30 нови компјутери за училиште во Ѓорче Петров

    04.03.2026 во 12:09

    (ВИДЕО) Лефков: Врските на Заев и Филипче со Путин, потврдува и со Борче Марковски

    04.03.2026 во 12:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Стојаноски: Економијата расте шести квартал по ред
    • 30 нови компјутери за училиште во Ѓорче Петров
    • (ВИДЕО) Лефков: Врските на Заев и Филипче со Путин, потврдува и со Борче Марковски
    • (ВИДЕО) Тренчевска: Бараме оставка од Тошковски за трагедијата во Карпош
    • Вицегувернерката Митреска: Континуитет на политиката на стабилен девизен курс и одржување на макроекономската стабилност
    • Трамп со остри пораки за Иран: „Луѓето што ги гледавме како богови, веќе ги нема“
    • Општина Аеродром објави оглас – Ова се условите
    • Трамп по нападот врз Иран: Прекинете ги сите деловни врски со Шпанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Прилеп: Еднa женa меѓу 100 мажи пријавено за светиот крст за Водици

    Прилеп: Еднa женa меѓу 100 мажи пријавено за светиот крст за Водици

    16.01.2026 во 18:14Updated:16.01.2026 во 18:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Околу 100 верници од Прилеп ќе учествуваат на централното, традиционално фрлање на Светиот крст во осветените води на Аква базенот во прилепскиот хотел „Салида“, кое ќе се одржи в понеделник напладне, на Богојавление – Водици. Од пријавените учесници, едно е женско.

    Вкупно над 500 верници ќе се вклучат на 20 локации на територијата на Општина Прилеп за овој верски обред. Покрај централниот настан, Светиот крст ќе биде положен во водите на реките и базените во 19 други населени места: Селце, Витолиште, Бешиште, Полчиште, Ново Лагово, Загорани, Кадино Село, Мало Коњари, Големо Коњари, Беровци, Клепач, Ерековци, Галичани, Чепигово, Подмол, Алинци, Тополчани, Плетвар и Штавица.

    Утрото на Водици, во прилепската црква „Св. Благовештение“, ќе се одржи традиционалното пуштање на гулабите во 6:30 часот и свечената божествена литургија. Околу 9:30 часот симболично ќе се изврши и фрлањето на Светиот крст во фонтаната во дворот на црквата, наменето за дечиња до 13 години, кои ќе имаат можност да го извлечат Светиот крст од осветените води.

    Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, претседателката на Советот и делегации составени од членовите на Советот ќе присуствуваат на сите 20 локации.

    – „Локалната самоуправа обезбеди пригодни подароци за сите учесници, а компаниите „Зегин“ и „Евротип“ ќе обезбедат и награди за оние што први ќе го извадат Светиот крст од осветените води во Прилеп“, информираат од општината.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат

    03.03.2026 во 21:33

    Нови детали: Познат идентитетот на возачот кој загина на обиколницата Скопје-Тетово

    04.03.2026 во 10:52

    Катар предупредува: Нападот на Иран ги помина сите „црвени линии“, одговорот е неизбежен

    03.03.2026 во 21:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.