Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    ВИДЕО+ФОТО: Нови мотоцикли за полицијата од РСБСП – Вложувања до побезбедни патишта и спасени човечки животи

    08.10.2026 во 11:31

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни на мобилен, од 28 октомври почнува промоцијата на апликацијата „м. Услуги“
    • Мицкоски од Милетино: Опозицијата ја уништуваше Македонија седум години
    • Мицкоски: Победуваме на изборите во Брвеница на 18 октомври
    • Радичевски во Милетино: Градоначалникот мора да биде за сите граѓани, без партиски поделби
    • Хорор го потресе регионот: Mлад човек извлечен од БМВ и избоден со нож
    • (ФОТО) Вандализиран надземниот пешачки премин „Влајко“
    • Ескалација на судирите: Украина нападна руска рафинерија на 2.500 км од границата
    • ЦУК: Регистрирани 30 пожари на отворено, активни се 12 жаришта низ земјава
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Го товарија бродот и тргнаа: Грците донираа оклопна опрема на Либанците

    Го товарија бродот и тргнаа: Грците донираа оклопна опрема на Либанците

    15.01.2026 во 17:351 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со транспортен брод на грчката воена морнарица, денеска од Атина до Бејрут беа пренесени 13 оклопни возила за транспорт на персонал од типот M-113, 10 возила за општа намена STEYR 680M од два и пол тони, како и дополнителни материјали и резервни делови за нивна поддршка. Испораката е дел од донацијата на Грција за Либан.

    Од Министерството за национална одбрана на Грција соопштија дека транспортот на воената опрема бил успешно реализиран и дека бесплатната донација е доставена до пристаништето во Бејрут, каде што возилата и опремата им биле ставени на располагање на либанските власти.

    „Транспортот беше извршен по соработка меѓу Министерството за национална одбрана и Министерството за надворешни работи, како и во координација со надлежните државни институции, во рамките на активностите на одбранбената дипломатија на нашата земја“, соопштија од надлежното грчко Министерство во врска со донацијата.

    Од Министерството потсетија дека министерот за национална одбрана Никос Дендиас оствари повеќе посети на Либан, а исто така имаше и средба во Атина со либанскиот министер за одбрана, Мишел Менаса.

    „На средбата се разговараше за помошта на Грција за вооружените сили на Либан, преку бесплатно отстапување на воена опрема“, наведуваат од Министерството.

    Прочитај повеќе

    Хорор го потресе регионот: Mлад човек извлечен од БМВ и избоден со нож

    08.10.2026 во 20:27

    Од снег на Алпите до 30 степени на Балканот: Силен студен фронт се движи кон регионот

    08.10.2026 во 19:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.