Close Menu
Press24
    Најново

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Милетино: Опозицијата ја уништуваше Македонија седум години

    Мицкоски од Милетино: Опозицијата ја уништуваше Македонија седум години

    08.10.2026 во 20:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање пред присутните од каде повика на масовно обединување на граѓаните на претстојните избори, а потсети и на времето на претходната власт.

    ,,Седум години ја ограбуваа, ја распродаваа и ја уништуваа Македонија. Како да овие луѓе до пред само две и пол, три години, не беа тие коишто беа понижувани преку партија фудбалчиња и баскет парти во кабинетите и беа верни слуги на оние кои што владееја со нив. Како да заборавиле и на модуларната болница, како да заборавиле и на стабри и на мархиуана економија. И денеска еве ги тука пред вас, ви кажуваат како тие биле опцијата, како тие ќе го нанеле ударот врз идниот градоначалник Стојанчо, и како тие ќе помогнеле да не бидеме ни ние тие кои што ќе влезат во вториот круг“, вели Мицкоски.

    Тој повика на обединување на 18-ти октомври, затоа што, како што вели, опозицијата не е алтернатива.

    ,,Не се тие алтернативата. Тие се луѓето кои што ја ограбија и уништија Македонија. Зарем сакаме тие времиња да се вратат, кога понижени со свиткана кичма потпишуваа бели листови хартија, распродавајќи ја државата и истовремено ги полнеа своите џебови. Зарем тие истите луѓе, коишто седум години не водеа сметка да ве прашаат и погледаат во очи, како ви е, како се живее и што треба да направат за вас, за вашето место, за вашата општина и за нашата заедничка татковина. Единствено нешто за кое што се грижеа беше нивниот паричник, нивниот удобен живот, дебелите персиски килими, кожните фотелји и што е можно повеќе да украдат од вас граѓаните“, рече Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.