Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија кај Робово: Жена загина во сообраќајка откако се судрила со камион

    09.07.2026 во 14:47

    Објавена е мапа: Ова се најкритичните места во Грција каде живее рибата-зајак

    09.07.2026 во 14:41

    СДСМ: Сакаме Мицкоски да не ги краде гласовите на дијаспората

    09.07.2026 во 14:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија кај Робово: Жена загина во сообраќајка откако се судрила со камион
    • Објавена е мапа: Ова се најкритичните места во Грција каде живее рибата-зајак
    • СДСМ: Сакаме Мицкоски да не ги краде гласовите на дијаспората
    • Радовиш: Сакал да му ја запали нивата на својот брат – изгорело пола село
    • Повеќе од половина од криминалните групи во Албанија продаваат кокаин, но каде ги инвестираат парите?
    • Рачна бомба фрлена од возило во движење кон ресторан во тетовско
    • Мухамад трета година по ред најчесто име за момчиња во Англија и Велс
    • Македонците во Албанија соочени со предизвици: борба за јазикот, идентитетот и иднината 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МОН додели грантови за заштита на учениците од насилство, пороци и делинквенција

    МОН додели грантови за заштита на учениците од насилство, пороци и делинквенција

    15.01.2026 во 10:351 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за образование и наука (МОН) објави дека вкупно 18 основни и седум средни училишта во државата добиле грантови за спроведување на програми за заштита на учениците. Средствата се наменети за активности против насилство, злоупотреба на пороци и малолетничка делинквенција за учебната 2025/2026 година.

    На веб-страницата на МОН се веќе достапни резултатите од јавните повици преку кои се доделуваат средства за спречување дискриминација, заштита од игри на среќа и превенција од употреба на алкохол и дрога кај младите.

    Грантовите во основното образование се распределени во општините: Аеродром, Гази Баба, Дебарца, Долнени, Кавадарци, Карпош, Кисела Вода, Крива Паланка, Куманово, Липково, Македонски Брод, Могила, Тетово, Центар и Штип. Меѓу добитниците е и училиштето за ученици со посебни потреби „Иднина“ од Скопје.

    Во средното образование, поддршка од МОН добија седум јавни средни училишта од градовите Радовиш, Куманово, Штип, Битола, Берово, Неготино и Дебар.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Статистички имаме најниски цени на горивата

    09.07.2026 во 14:01

    Се менуваат правилата за горивата: Нови стандарди за квалитет и контрола на пазарот

    09.07.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.