Close Menu
Press24
    Најново

    УХМР со најнови податоци: Каде е најжешко, а каде наврна најмногу дожд до 14 часот

    10.06.2026 во 14:19

    Рокас: Прво уставни измени, па преговори со ЕУ

    10.06.2026 во 14:16

    Важно известување за сите кои планираат викендов да патуваат за Грција

    10.06.2026 во 13:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со најнови податоци: Каде е најжешко, а каде наврна најмногу дожд до 14 часот
    • Рокас: Прво уставни измени, па преговори со ЕУ
    • Важно известување за сите кои планираат викендов да патуваат за Грција
    • Приведен 33-годишник од Карбинци: Вршел полови дејствија врз малолетничка и ѝ пренел заразна болест
    • Николоски од терен: Изградбата на пругата кон Бугарија напредува, возови очекуваме во октомври 2028 година
    • (ФОТО) Нова зелена оаза во Скопје: Бутел добива мега парк на 8.000 метри квадратни
    • Пороен дожд и грмежи во Кичевско и Македонски Брод, еве на каде се движат облаците
    • Утре ќе нема струја до 16 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски населби
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Акција на царината и МВР: Запленети пратки вредни 240 илјади денари, фирма нелегално вршела поштенски услуги

    Акција на царината и МВР: Запленети пратки вредни 240 илјади денари, фирма нелегално вршела поштенски услуги

    15.01.2026 во 10:201 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес на фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока. Во моментот на претресот беа пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. Пронајдената криумчарена стока е запленета, а од страна на инспекторите е поднесена кривична пријава против едно правно и едно физичко лице за сторено кривично дело прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

    Конкретно, фирмата вршела меѓународни поштенски услуги без соодветна лиценца, при што поштенските пратки ги внесувала со возила преку граничен премин, без да ги пријави кај царинските органи. Пратките потоа нелегално ги складирала во магацин во нејзина сопственост, со намера оттаму да ги транспортира до нарачателите, за што би наплатувала паричен надомест.

    Царинската управа и понатаму ќе продолжи со засилени контроли и координирани активности со цел откривање и спречување на сите облици на криумчарење и незаконско работење, заштита на државните финансиски интереси и обезбедување услови за фер конкуренција.

    Прочитај повеќе

    Приведен 33-годишник од Карбинци: Вршел полови дејствија врз малолетничка и ѝ пренел заразна болест

    10.06.2026 во 13:53

    Хорор во Тетово: Мајка среде улица крвнички си го тепала 3-годишното дете, па го оставила и си заминала

    10.06.2026 во 12:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.