Close Menu
Press24
    Најново

    Цветановски: Во Гостивар има бактерија во водата, а ВМРО-ДПМНЕ прави бизнис од 100.000 евра без тендер

    05.08.2026 во 11:54

    УХМР од утре најавува голем пресврт

    05.08.2026 во 11:43

    Трамп му се закани на Иран: Отворете го Ормускиот теснец или ќе бидете силно погодени

    05.08.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цветановски: Во Гостивар има бактерија во водата, а ВМРО-ДПМНЕ прави бизнис од 100.000 евра без тендер
    • УХМР од утре најавува голем пресврт
    • Трамп му се закани на Иран: Отворете го Ормускиот теснец или ќе бидете силно погодени
    • Пекол низ Македонија уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите низ градовите
    • ДУИ го нападна Гаши: „Молчи кога треба да го брани Охридскиот договор“
    • СДСМ со тврдење: Владата веќе договорила решение според францускиот предлог
    • Влада со демант: Договорот за вода за Гостивар е преку тендер, СДСМ манипулира со јавноста
    • Енергетскиот систем стабилен – Продолжуваат инвестициите во обновливи извори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЗНАМ: Пржинската влада е анахронизам, државните интереси мора да бидат над партиските калкулации

    ЗНАМ: Пржинската влада е анахронизам, државните интереси мора да бидат над партиските калкулации

    14.01.2026 во 17:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната лидерска средба, одржана на иницијатива на претседателот на Владата, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија беше претставено од генералниот секретар на партијата и министер за јавна администрација Горан Минчев, како и од координаторот на пратеничката група на ЗНАМ, Бобан Карапејовски.

    Движењето ЗНАМ ја поздравува иницијативата за одржување лидерска средба како одговорен и државнички чекор, насочен кон стабилност, дијалог и политичка зрелост во период кога пред државата стојат клучни одлуки од стратешко значење.

    Во рамки на средбата беа отворени повеќе суштински теми, по кои Движењето ЗНАМ ги изнесе своите јасни и принципиелни ставови. Во однос на Законот за Влада и постоењето на техничката, односно таканаречената Пржинска влада, ставот на Движењето ЗНАМ е јасен, таа треба да биде укината.

    „Таканаречената Пржинска влада беше воведена како привремено решение и со јасна задача. Денес таа е анахрона и претставува кочница за функционирањето на институциите. Македонија има капацитет самостојно да организира кредибилни избори и затоа ова решение мора да биде укинато“ изјави Бобан Карапејовски, координатор на пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

    По однос на Изборниот законик, Движењето ЗНАМ се залага за суштинска и праведна реформа со воведување една изборна единица, која ќе обезбеди еднаква вредност на гласот на секој граѓанин и пофер политичка застапеност. Истовремено, ЗНАМ инсистира на јасно и транспарентно уредување на финансирањето на политичките партии. Во делот на реформските закони од областа на правосудството, како и останатите закони од реформската агенда, Движењето ЗНАМ дава силна и недвосмислена поддршка, со јасен повик за политички консензус околу овие прашања, како предуслов за владеење на правото и европската иднина на државата. Во однос на изборот на Народен правобранител, ставот на ЗНАМ е дека оваа функција мора да ја извршува лице со висок професионален и морален интегритет, кое ќе биде вистински и независен заштитник на правата на граѓаните. Дополнително, Движењето ЗНАМ се залага за побрзо донесување на Законот за прекршоци, со што ќе се зајакне правната сигурност и безбедноста на граѓаните.

    „Лидерската средба ја гледаме како можност сите релевантни политички фактори да покажат зрелост и одговорност. Потребни ни се храбри, но државнички одлуки, изборни и правосудни реформи и јасен консензус околу европската иднина на Македонија. Интересот на државата и граѓаните мора да биде над се“ посочи Карапејовски.

    Движењето ЗНАМ останува посветено на дијалогот, реформите и градењето на функционална, праведна и европска Македонија, во која интересот на државата и граѓаните ќе биде над сите партиски калкулации.

    Прочитај повеќе

    Цветановски: Во Гостивар има бактерија во водата, а ВМРО-ДПМНЕ прави бизнис од 100.000 евра без тендер

    05.08.2026 во 11:54

    ДУИ го нападна Гаши: „Молчи кога треба да го брани Охридскиот договор“

    05.08.2026 во 11:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.